Банер
Polaroid возвраќа на ударот
Напишано од Елена Ѓероска   

Уште од самите почетоци , од дагеротипиjата навака, историjата на фотографиjата сведочи за постоjаната желба на фотографиите да jа поедностават фотографиjата, со цел поголема неjзина распространетост. Модерната технологиjа успеа да jа донесе дигиталната фотографиjа во сечии раце. Бpоjот на фотографи, фотографски клубови, интернет страници и изложби е поголем од кога и да е. Фотографиjата денес е нераскинлив и незаменлив дел од нашите животи. Само неписмен човек не може да фотографира.

 

Но, пред да се поjават дигиталните фотоапарати, фотографите барале многу други начини за постигане на инстант-фотографиjата. Можеби  наjуспешен обид, наjблизок до дигиталната фотографиjа, воедно  како некаков неjзин предвесник, е полароид фотографиjата.

Сите сме ги виделе по филмовите, оние интересни фотоапарати кои создаваат фотографски копии само неколку минути по стискането на копчето за експонациjа. Пoлароид камерата е откриена во 1947 година од Edwin Land. Таа е одговор на прашањето, кое керката на Land му поставила: “ Зошто не можам да ги видам веднаш?”

Се работи за систем коj се состои од негативно-позитивно копирање, развивач и фиксир во внатрешноста на еден апарат. Во почетокот претставувало сложен систем, но по создаването на pack-филмови, се што фотографот требало да направи е да ја извлече позитивно-негативната копија од апаратот, да ги одвои едно од друго и да почека неколку секунди.

Полароид камеpите предизвикале своевидна револуциjа. Толку брзо создаване на фотографии до тогаш било незамисливо. Поради брзината и леснoтиjата со коjа работат, полароид камерите имале повеќе намени. Користени од полициjата, од аматерите кои после брзиот преглед на фотографиjата можат да ги направат потребните корекции, удобни за правење на фотографии за документи и користени од професионалните фотографи за проверка на светлината и експозицијата.


Освен за практични намени, полароид фотографийата е предпочитана  од ред познати професионални фотографи, мегу кои легендарниот поп артист- Andy Warhol. Лесната употреба на полароидите го изместила фокусот кон креативноста, концептот и идеата.

Денеска полароидот представува реткост, кое воедно означува нешто автентично и интересно. Постоjат милиони развиени техники за манипулациjа на самиот полароид. Пример, постоjат фотографи, кои сликаат со четка и со бои на самата површина на сеуште неисушената полароидна копиеја. Пo тоj начин, тие создаваат деформации и интересни ефекти. Постоjат многу интернет страници мегу кои  http://polaroidmanipulation.pixelfuse.com/ , на кои има туториали за тоа како да се манипулираат.



За краj, добрата новина коjа сакаме да ви jа соопштиме е дека после неколку години молк, полариод гордо возврака на ударот на дигиталната фотографиjа. Имено полароид направи нов апарат, Polaroid 300 и ги врати назад во живот, полароид филмовите. Со кокетен надворешен изглед, претпоставуваме дека ова ке биде наjновата модна тенденциjа во фотографиjата во блиска иднина. Не случаjно самата Lady Gaga е новиот арт-директор на полароид, а Times magazine го прогласиле новиот апарат за хит на неделата.

Дали можеби на дигиталната фотографија и предстои закана од новите полароиди? Дали ова е почеток на големото навраќање на филмот? Останува само да чекаме и да видиме…
Во продолжение , додека полароид-фановите почнуваат да ги планираат идните кадри со новиот апарат, ви претставуваме мал дел од полароидите на легендарниот Andy Warhol.

 

 

 

 


blog comments powered by Disqus