Банер
Canon 5d mark II за 88 долари

На e-bay, бараните продукти несомнено може да се најдат со ниски цени. Но секогаш остануваат прашањата што навистина добиваме, дали продуктот е оригинален или копија, дали е функционален воопшто. Она што нé привлече деновиве е една интересна колекција на „ тела и објективи “ кои се навистина ефтини.
Ги проверивме коментарите на интернет продавниците и по тврдењето на задоволните купувачи  заклучивме дека производите се веродостоjни копии на вистинската фотографска опрема.

 

 

Интересни продукти кои неодамна се појавија на пазарот, инспирирани од популарноста на дигиталните фотоапарати. Се работи за usb  стик со 4гб меморија со форма на canon 5d mark II со L објектив, термос во облик на 70-200 mm f/2,8 и чаша 24-105mm f4L IS. Одлично се изработени, на нив може да ги забележите сите знаци и натписи точно означени. Добри се како подарок за ентузијастите.

 

 

Голем број од љубителите на фотографијата се заинтересирани да поседуваат и ваква „опрема“ (штета што нема Nikon варијанта).

 


blog comments powered by Disqus