|
Напишано од Елена Ѓероска
|
|
Уште од самите почетоци , од дагеротипиjата навака, историjата на фотографиjата сведочи за постоjаната желба на фотографиите да jа поедностават фотографиjата, со цел поголема неjзина распространетост. Модерната технологиjа успеа да jа донесе дигиталната фотографиjа во сечии раце. Бpоjот на фотографи, фотографски клубови, интернет страници и изложби е поголем од кога и да е. Фотографиjата денес е нераскинлив и незаменлив дел од нашите животи. Само неписмен човек не може да фотографира.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Плакатот за Mercedes-Benz AMG SLS нé воодушеви, вистинска уметност со минимални постпродукциски корекции, несекојдневен поглед на автомобил, одлично футуристичко претставување. Фотографиите зад сцената откриваат приказна која не ја очекувавме, финалниот продукт не е фотомонтажа туку е една единствена фотографија.
Сцената е снимена од познатиот фотограф Nick Knight, кој има работено сериозни проекти меѓу кои и култниот Pirelli календар за 2004 година, а облеката е креирана од модниот дизајнер Gareth Pugh.
|
|
Повеќе...
|
|
Ултрашироките фотографии или уште познати како fisheye фотографии секогаш даваат поинаква перспектива на она што го гледаме. Дисторзија на краевите на фотографијата, параболична перспектива, затемнување на аглите на фотографијата се некои од карактеристиките на ваквите фотографии. Тие се снимаат со објективи со многу мало фокално растојание (пример 17mm). Објективите се со асферично предно стакло и прикажуваат перспектива дури и до 200 степени.
Следуваат 20 ултра широки фотографии.
|
|
Повеќе...
|
|
Со оглед на објаснувањето за „DOF“, следи колекција на фотографии со плиткo поле на длабинска острина од различни автори. Интересна техника за изолирање на субјектот од средината. Уживајте!
|
|
Повеќе...
|
|
На e-bay, бараните продукти несомнено може да се најдат со ниски цени. Но секогаш остануваат прашањата што навистина добиваме, дали продуктот е оригинален или копија, дали е функционален воопшто. Она што нé привлече деновиве е една интересна колекција на „ тела и објективи “ кои се навистина ефтини. Ги проверивме коментарите на интернет продавниците и по тврдењето на задоволните купувачи заклучивме дека производите се веродостоjни копии на вистинската фотографска опрема.
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Димитар Атанасов
|
|
Неодамна ја имав таа чест да станам кум на две прекрасни близначиња, Коста и Марија. Првиот пат кога отидов да ги посетам, бев вџашен од глетката: околу нив се насобрале сите роднини и пријатели и ги фотографираа со вклучен блиц. Децата беа прилично вознемирени. А, и јас. Тој настан ми даде повод да ви предложам неколку совети за тоа како можете значително да ги подобрите вашите семејни фотографии на кои главните актери се најмалите и најважните членови од семејството.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 3 |