Банер
Me, Myself & Rebekka Guðleifsdóttir
Напишано од Bobi Kuzmanoski   

Ребека е релативно млада фотографка која доаѓа од Исланд. Покрај фотографија се занимава со цртање, плетење џемпери а истовремено е и мајка на две деца на возраст од 5 и 11 години.
Со фотографија започнува во 2000 година кога го присвојува стариот филмски Canon од татко и и се запишува на курс по црно-бела фотографија и работа во темна комора. Со купувањето на првата дигитална камера во 2004, Ребека ги спознава моќите на дигитализацијата и како што самата вели „со дигитална камера комбинирана со креативен ум и малку фотошоп може да се реализира се што ќе си замислите“. Во 2005 го открива Flickr и започнува со објавување на своите дела и моментално има повеке од 800 фотографии во своето портфолио. Во 2006 од страна на списанието Wall Street Journal  е прогласена за “Web's Top Photographer”.

Иако во нејзиното портфолио може да се најдат портрети и пејсажи, најголемиот дел од нејзините фотографии припаѓаат на концептуалната фотографија, од кој пак најголем дел се автопортрети.


Од концептуалните автопортрети како поинтересни ќе ги издвоиме тие со двојна и повеќекратна експозиција, од причина што треба да се обрати повеќе внимание при фотографирањето за се да биде како што треба.
Фотографиите изгледаат како да ги има фотографирано друго лице, но тие сепак се нејзино авторско дело и за да не би имало некаква забуна, Ребека, како вовед, на својата официјална веб страна вели „Сите фотографии се мое дело (дури и оние на кои сум јас) а исто така и постпродукцијата е моја“.

Во продолжение погледнете дел од нејзиното портфолио, а останатиот дел погледнете го ТУКА.

 

© Rebekka Guðleifsdóttir


blog comments powered by Disqus