|
Неговата работа личи на отсликување на оној момент, дел од секунда пред да заспиеш, пред да почнеш да сонуваш. Слика со светлината на првите зраци во мугрите на сонот кои навидум кријат некое значење, можеби и чувства. Осамените звуци на сопствените стапки одекнуваат во меланхоличната атмосфера на празната улица во напуштениот град. Фотографиите се редат како нем филм во сопствените мисли, некако лични, а сепак универзални, што секој може да си препознае свој спомен.
Следува интервју со Мартин Странка. Негова галерија може да погледнете тука

Како започна со фотографија?
Долго размислував за мојата прва фотографија, мојот прв чекор во фотографијата. Нажалост бев инспириран од многу болен момент во мојот живот. Загубив некој близок до моето срце. Тогаш почувствував дека треба да ги изразам моите мисли и емоции.
Што те инспирира?
Како што веќе напоменав, јас сум инспириран од животот. Знаете, ние сме сите како печурки - ги апсорбираме моментите околу нас. Тоа го нарекуваме живот. Не сакам да звучи како празна мисла или ефтина фраза, но животното искуство ме инспирира многу. Музиката е мојата втора љубов. Звуците на Lisa Gerrard, Sigur, Damien Rice, тоа е исто така силна инспирација за мене. Уште една работа која ме инспирира се специфичните и уникатните моменти во секојдневниот живот. Движењето накај сонцето кое заоѓа, кога треба да се завртиш поради јаката светлина и кога улиците стануваат златни. Или кога одам сам во ноќта, каде само уличните светла го следат мојот чекор. Можеби звучи малку лудо, но ги обожавам уличние светилки и светлината кои ја создаваат, атмосверате е молна со магија. Тоа е многу сугестивно и инспиративно за мене. Да... и летачките прашини во собата за време на зајдисонце. Ги обожавам тие моменти. Дали звучам лудничаво?
Дали имаш пробано друг стил покрај концептуалната/емотивната фотографија?
Искрено... не, немам. Во денешно време преферирам емотивни минималистички парчиња уметност. Што помалку ќе покажеш, толку повеќе можеш да ја замислиш работата.
Кои се твоите омилени фотографи?
Одсекогаш сум се восхитувал на рабoтата на Robert & Shana Parkeharrison. Нивната работа... Тоа е суптилна и уникатна магија. Секоја фотографија раскажува своја приказна. Секоја фотографија покажува различен свет. Нивната работа е како игра со умот на гледачот.

Што имаш научено од нив?
Хмм, размилсував дали можам да научам нешто од нив. Сите ние сме уникатни суштества со свој ум, со свој начин на експресија. Но можам да кажам, научив да не користам комплицирани субјекти во емотивно комплицирани моменти. Нешто како секојдневни работи во несекојдневни моменти. Мислам дека нивната работа е за чувствата и хуманоста. Пробувам да ги прикажам истите приказни во мојата уметност.
Која е твој омилен објектив и зошто?
Се заљубив во 50mm f/1.4 на Canon, заради одличниот bokeh, одлично остриот широк објектив Canon L 17-40mm f/4.0. Ако правам фотографии во затворено тоа го правам со 17-40mm. Некогаш ја користам Canon L 70-200mm, но само за фотографии на отворено.
Дали си задоволен со твојата фото опрема или би сакал нешто повеќе во иднина?
Се е во купувањето на добрите објективи и после тоа можете да си го менувате телото од време на време. Сега јас имам Canon 5d и е сосема доволна за моите идеи и проекти. Точно е дека некои подобри апарати изгледаат навистина атрактивно, но мислам дека најбитното е доброто светло и добрите идеи.
Дали користиш стробист или природно светло? Па, зависи. Кога почнав пред 3 години, морав да користам само природно светло и некои ефтини решенија како домашни светилки. Но мојата идеја стана многу пософистицирана, па ми требаше светлина за потполна контрола. Решив да купам две светла од 400W и softbox-ови. Навистина помага да ја создадеш посакуваната атмосфера.

Како наоѓаш модели и локации?
Никогаш не користам вистински модели. Морам да ги познавам луѓето кои ги користам како модели. Морам да ја знам нивната личност, нивниот карактер. Имам потреба да ја почувствувам нивната персоналост, да го прочитам нивниот body language. Многу е тешко да се најдат вакви модели во агенциите. Затоа преферирам познаници. Локации? Па, можеш да ја замислиш ситуацијата додека патуваш со автобус и додека гледаш наоколу. Ненадејно некој дел од природата ќе ти фати око, и тогаш го зимам мојот дневник и ја запишувам локацијата. После се, одам таму пеш и го оставам местото да ме зграби во раце.
Што мислиш за фотоманипулациите? Дали го сметаш тоа за фотографија?
Беше тоа аналоген свет и луѓето користеа темни соби. Сега живееме во дигитален свет, и немам ништо против софтверот. Може да се постави прашањето, што е вистинска фотографија? Дали е аналогната фотографија вистинска бидејќи била прва? Мислам дека треба да се говори за уметност. Се надевам и мислам дека уметноста нема граници. Се сведува на изразувањето на емоциите и материјализирањето на идеите. Дигитален начин или аналоген? Не е важно според мене.
Твојата работа е како поезија, полна со душа, сон, меланхолија, дали се чувстуваш
к
ако поет?
Се сеќавам ме прашаа нешто слично во некое од предходните интервјуа. Не мислам дека сум поет. Никогаш не сум пишувал поезија со зборови кои имаат вчудоневидувачка моќ. Иако сакам длабока поезија. Кратко, ударно со длабоко значење. „Оставиме да сонувам на кревет сочувај ја сценава внатре во твојата глава“ Нешто како ова. Имам потреба да го чувствувам, нешто како „WOW можам да ја видам сцената, тоа е како мој животен сон, мојата животна имагинација“. Мислам дека не сум толку силен со поезијата. Го оставам тоа на вистинските поети.
Дали имаш пробано да фотографираш аналогно?
Сеуште не, но би сакал. Го сакам стариот изглед на фотографиите и целиот процес. Мислам дека тоа би го научило еден фотограф да размислува за сцената. Сега, кога многу ја сакам изгледот на аналогната фотографија, знам дека ќе пробам некој ден. Сум немал сеуште можност. Се надевам дека наскоро ќе имам.
Дали си зависник од кафе или фотографиите ти се само комерцијален проект?
Хехехе. Не, не сум зависен и интересно е што не пијам кафе воопшто. Тоа беше само комерцијален проект за луксузни барови и кафулиња. Добив 10 килограми кафе и една тема - кафе. Беше тоа интересен проект. Но после 3 недели, навистина го замразив мирисот на кафето. Сеуште го чувствувам во мојот дом :)!

Дали имаш работено на други комерцијални проекти?
Морам да признаам, јас сум еден од оние среќниците што можат да живеат од фотографија. Последнава година беше неверојатна. Многу работи се сменија и тргнаа нанапред. Влегов и во комерцијалниот свет. Сега чувствувам дека можам да правам она што навистина го сакам, мојата најголема страст, во исто време можам да живеам од неа. Сеуште е добро, можам да си го задржам уметничкиот стил дури и кога креирам комерцијални проекти. Добро оди и сум навистина задоволен. Можам да спомнам работи како фотографии за CD, за книга, работа со музичари и бендови, фотографии за ентериери, итн.
Која е твојата омилена награда и зошто?
Би го одговорил прашањево на друг начин од она што очекувате. Мојата омилена награда - можноста да творам и да го правам тоа за живеење. Тоа е најсензационалниот поклон што можам да го добијам.
Дали сакаш фото натпревари?
Да, сакам. Влегов во многу натпреварувања во Декември. Почнав пред 2 месеци со натпревари и мислам дека тоа е едно одлично искуство. Натпреварите можат да ви дадат шанса да се покажете во одлични места, да бидете претставени во убави места пред добри луѓе. Секогаш е натпреварувачки да ја споредуваш твојата уметност со уметноста од остаткот на светот. Тоа задоволство чини многу пари, но сепак вреди.
Која големина/тип на принт правиш за твоите самостојни изложби?
Мојата прва самостојна изложба беше во центарот на прага. Користеф фотографии 60х60cm и мислев дека се огромни. После неколку месеци дојдоа нови изложби и сфатив дека што поголемо тоа е подобро. Затоа преферирам 100х100cm. Тип? Ги печатам моите фотографии на различна платформа - користам KAPA, FOREX или DIBOND.
Дали имаш некој последен коментар или совет за абициозните фотографи?
„Be yourself, be loved by a few and not understood by the rest!“
|