Банер
Matthew Albanese - минијатурни пејсажи
Напишано од Марио Давчевски   

Скоро сите пејсажни фотографи ги снимаат своите дела чекајќи добри временски услови, добро светло, трагајќи по невидени пејсажи и локации... За разлика од нив, Matthew е фотограф кој ги креира пејсажите во студио. Иако звкучи малку чудно и неприродно, сепак изгледнот на неговите фотографии е сосема реален. Поминувајќи недели па и месеци за да креира една сцена, користејќи фотографски техники како мала длабочина на поле, скалирање на предметите, white balance, осветлување, Matthew е способен драстично да го промени изгледот на предметите кои ги користи и да ги претвори во делови од реална пејсажна сцена.


Креативноста на Matthew нема граници. За своите пејсажи користи сол, шеќер, пиперки, цимет, јаглен, памук... ова се само дел од пердметите кои тој ги корисити и ги претвара во реална сцена. Во продолжение на оваа статија погледнете фотографии од Matthew Albanese и сами оценете дали ова е фотографија или некоја друга креативна уметност. Како и да е, Matthew фасцинира со своите дела, со посветеноста кон изработката на сцените, како и со познавањето на техниката на фотографирање. Едноставно тој има „докторирано“ на тема светло.

 

Everything We Ever Were

„Потребни ми беа 2 месеци за да направам доволно пепел за овој месечев пејсаж. Потемните карпи се направени од мешавина на ќерамички плочи, згужвана хартија и жица. Земјата е проектирирана на ѕид“

 

„DIY Paradise“

Сцена од летна дестинација? Или памук, сол, шеќер, фолија, пердуви и платно?

 

„Tornado“

Торнадо направено од челична жица, памук, магдонос и мов

 

„Fields after the storm“

Оваа сцена е направена од крзно за полето, памук за облаците и ќерамички плочки за планините.

 

„Ice Breaker“

11 килограми шеќер зготвен на различни температури. Всушност сцената е направена од колач. Сол, јајца, сируп, тартар, шеќер во прав, брашно. 2 дена готвење и 2 недели градење на сцената.

 

„Salt Water Falls“

Сцената е направена од стакло, плексиглас, ќерамички плочки, мов, суви гранки, сол, обоено платно и сув лед. Водопадот е направен од временска експозиција на паѓачка сол

 

„Paprika Mars“

Направено од 5 килограми на пиперка, цимет, ораси, лута сол и ќумур

 

„Breaking Point“

Направено од ќерамички плочи, памкук, фосфорно мастило. Вулканот е осветлен од светилки со јачина од 6 до 60 W

 

„Aurora Borealis“

Ова е едниствената фотографија што содржи реален објект а тоа се дрвата. За останатото е користен обоен зрак наспроти црно платно. Ѕвездите се постигнати едоставно со стробист светла низ табла со мали отвори.

 

„Wildfire“

Сцената е направена од дрва, мов, жолта светлина, ќеси за одпадоци, готвен шеќер, челична четка за чистење садови, четки за шишиња, песок, ќерамички плочки, жица, хартија, црвени, портоколови диско светла

 

„Sugarland“

Направено од: 8 килограми шеќер, желе и сируп од пченка. Кристалите се растени во период од 2 месеци во студиото на Matthew

 

Студиото на Matthew Albanese

Сега погледнете фотографии од студиото на Mattew и неговата подготовка за работа.

 

 

 


blog comments powered by Disqus