| Tomasz Zakolski - приказна од купе бр.12 од возот Варшава-Гдањск |
| Напишано од Марио Давчевски |
|
Да, токму така. Tomasz е личност која ја запознав патувајќи во воз низ Полска. Некои ќе кажат дека патувањето со воз е досадно и напорно, но секогаш има некоја персона со која ќе промоабетите и ќе си размените контакт. Седејќи во купето и листајќи едно фотографско списание, добив критика од сопатникот до мене за една од фотографиите објавени таму. Заедно се сложивме дека фотографијата ја нема потребната емоција. Така започна целиот моабет со Tomasz кој за среќа го носеше својот лап топ со него, па имав можност да ги видам неговите фотографии.
Tomasz има 29 години и доаѓа од Варшава. Работи како преведувач од Германски, а фотографијата е неговото хоби. Покрај тоа неговата прва љубов, неговото прво хоби е планинарењето. Фотографијата како хоби и страст ја превзема од неговиот татко, кој во 1999 година му го поклонува првиот апарат Practica BC1 со сет од 3 објективи. По смртта на неговиот татко во 2001ва, тој се посветува повеќе на фотографијата, особено на пејсажите. По купувањето на широки објективи, Tomasz сфаќа дека му треба 1:3 панорамски формат. Така во 2006та година купува 20 години користена Tomiyama Art Panorama 617 со Nikkor 90mm f/8 со 6х17см формат. Оваа камера подржува само 120 film кој има само 4 на една ролна. Како што вели Tomasz, тоа бара многу мислење. Галерија на Tomasz Zakolski може да погледнете ТУКА. Следува кратко интервју со него: Tomasz, како се снаоѓаш со апаратот при фотографирањето? Tomiyama е simple view апарат, ја местам целата сцена преку визирот кој е на врвот на телото. Пред да ставам нова ролна на филм можам да ја компонирам сцената преку едно обично стакло откако сум покриен со јакна или некоја темна облека. Но, сето тоа можам да го правам пред првата сцена. Откако ќе го ставам филмот фокусот и точната композиција се нагаѓаат. Ова чудовиште од апарат е љубов и омраза за мене. Тежи 3 кг, за пејсажна фотографија потребно е добар трипот = плус 3 кг. Кога се качувам по планините носам со мене 6-7кг фото опрема + сите работи што ми се потребни... целиот товар е некаде 10-25кг.
Кои филмови ги користиш? Панорамските фотографии ми се најчесто со Fuji Provia F 100 или некои Ilford B&W како на пример HP5 или XP2. Следно нешто што ми е во план да ја пробам познатата Velvia. Користиш ли филтри? Да, секако. За толку широк објектив (агол од 100 степени) потребно е централен филтер. Nikkor немаат специјални филтри за таа намена, затоа имам Schneider IIIb. Многу е добар и значително го намалува затемнувањето (вињетирањето).
Кое е твоето мислење за денешното дигитализирање на апаратите? Дали некогаш би фотографирал дигитално? Покрај фотографијата јас исто така колектирам апарати. До сега имам 11 апарати од кои само еден е дигитален. Секогаш ќе фотографирам на филм. На прашањето за дигиталната фотографија, најчесто денес луѓето ја губат поентата на тие мегапиксели, HD способности, големи зумови... Се е до фотографирањето. Најдобриот апарат е оној што го имаш покрај тебе во даден момент. Паметам едно патување во планините, кога со себе понесов само Agfa од 10$ со одвратно лош 40мм/3.5 објектив, лош фокус, автоматска експозиција и едно црвено копче кое ти вели „Притисни тука јас ќе го завршам останатото!“. Ставив во неа Ilford XP2 и црвен филтер на објективот. Резултатите беа интересни. Освен некоја мал заматеност од објективот фотографиите не се разликуваа многу од тоа што би направил еден дигитален при истата сцена.
Денес значењето на фотографија се измени. Тоа не е веќе боење со светлина, туку зачувување на моментите. Годиниве, најдобрите DSLR full frame апарати со 20-30 мегапиксели можат да ги постигнат истите резултати како добар и нормален SLR. Секако филмот се плаќа. Мегапикселите не. Во мојот живот немам фотографирано повеќе од 4000 фотографии. Денес со еден дигитален апарат можете да достигнете и бројка од 100,000 фотографии. После толку многу фотографии секој би требало да биде искусен професионалец. Затоа ги ценам сите фотографи што работат на филм. Размислувањето пред да се стисне копчето. Мојот единствен дигиталец е Panasonic LX3, и го користам како брз и документарен апарат. Мал е, и секогаш го имам со мене во џеб. За улична и пејсажна фотографија доволно ми е распон од 24-60мм, дури и портретите може да ги фотографирам со 60мм. Бидејќи не сум фоторепортер не ми треба DSLR. Не ме сфаќајте погрешно, не го критикувам светот на дитигалната фотографија, но тоа не е за мене, знам дека јас ќе си останам на моите панорами.
Дали ги принташ твоите панорамски фотографии? Ги скенирам 6х17 со Epson V700 и добивам фотографии со 28000х9000 пиксели. Ова ми дозволува да правам големи принтови. За 25 долари принтам фотографии со големина 50х150см. Никогаш не сум пробал фотографија со повеќе од 2 метри. Но тие 150см се доволни да ги пополнат ѕидовите во мојата соба или ѕидовите на некоја изложба. Секако може да се поврзат повеќе фотографии за да се дојде до една поголема во некој софтвер на компјутер, но проблемот е што јас користам flat апарат па поради тоа треба апаратот да го ротирам окулу неговата централна точка. Тоа создава многу голема дисторзија особено при блиски и прави линии во сцената. Некои тоа го сакаат, но јас сакам повеќе реалистичен пристап кон панорамите.
|





