| Dave Nitsche - вбризгување на концепти |
| Напишано од Марио Давчевски |
|
Пред окулу 7 години Dave го купува својот прв апарат и се решава конечно да ги реализира своите идеи. Неговата прва замисла не е фотографирање на луѓе, ниту природа. Тој се затвара во својот подрум и почнува со светлата што ги поседува да ги гради своите концепти. Поминувајќи по педесетина часови неделно во својот подрум, кликајќи на апаратот, Dave ги вбризгува неговите концепти во фотографијата.
Неговата замисла е преку фотографирање на некои предмети како на пример наполнети шприцеви со различна боја, пластични кукли, пластично човечко око, череп од човек, да ја истакне човечката емоција. Иако тоа е студио без луѓе, предмети наредени во неприродна форма... можеби сето тоа изгледа пластично, сепак сцената е многу лесна за конзумирање. Гледајќи ги неговите фотографии и читајќи ги насловите на истите, лесно можете да стигнете до неговиот ум и точно да сфатите што сакал да ви пренесе во моментот кога ја креирал сцената. Фотографиите на Dave ја имаат способноста кај гледачот да предизвикаат длабоки чувства како и да допрат до персоналноста на човекот. Неговите дела предизвикуваат еден широк спектар на чувства: тага, смеа, бес, вчудоневиденост...
Неговите дела се широко прифатени од јавноста како и од добар дел од фотографите. За тоа говорат неговите појавувања во голем број на списанија низ светот, неговите самостојни изложби. Dave со својот поинаков стил остава трага врз денешната фотографија. Негово портфолио можете да го подледнете ТУКА.
|




