|
„Во историјата на македонската култура на 20-тиот век, Благоја Дрнков создаде неизмерен опус од повеќе од 40.000 фотографии со кои тој стана личност која е истовремено и институција. Неговата естетика зрачи со духот од моментите и ситуациите. Неговите фотографии се преполни со детална и возвишена живост, а тоа е априори заради неговата високо естетска мотивација.“
|
|
Повеќе...
|
|
|
Напишано од Елена Ѓероска
|
|
Во еден преплавен и презаситен медиум, каков што е фотографијата, ретки се фотографите кои успеваат да го пронајдат својот уникатен поглед и оригинален стил. Да, следното кое ќе го напишев беше- „Но, меѓу малкумината оригинални и свои фотографи е Мартин Пар, престижниот член на Магнум фотос“, но , наместо тоа ќе се запрашам- зошто? Зошто токму Мартин Пар? Што има толку впечатливо и длабоко во фотографија на голема порција помфрит со кечап и мајонез? Одговорот е ништо! Да, ништо, и точно во тоа е големината на Мартин Пар. Наместо натрупаните со симболи, силно впечатливи, шокантни или импресивно грандиозни фотографии, наместо необична светлина, убава шминка, оригинален костим и намачканата со златна боја моделка во невозможна поза, Мартин Пар фотографира куче со очила.
|
|
Повеќе...
|
|
Edvard Burtynsky отсекогаш бил заинтересиран за вештачки промени во пејзажот и територијата, особено оние што ги прави развојот на индустријата. Има некоја филозофија околу сето тоа. Според него, главните чекори во еволуцијата на човекот се мери со употребата и истражување на ресурсите на Земјата од страна на луѓето: почнувајки од камената епоха, па потоа со металот, јагленот, нафтата, итн. Во своето дело, тој се обидува да го фати, во детали и контрасти, суштината на човечкото суштество, кој во потрага на поедноставен и посмирен живот ја троши и разорува природната средина. Овие слики се како метафора за модерните времиња, претставени од страна на уметникот . Неговата неодамнешна репортажа за производство во Кина е пример на оваа гледна точка.
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Елена Ѓероска
|
|
Секој има фотографии од сопственото семејство. Оние кои стојат гордо на фрижидерот, врамени покрај компјутерот или едноставно спокојно складирани во семејниот фото-албум. Но, Елинор Каруци го пречекорува прагот на интимност и се приближува поблиску до нејзиното семејство.
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од A. Б.
|
|
Руски фотографии снимени пред 100 години изгледаат како да се направени вчера. Во транзициониот период во Русија, со индустијализицијата, се ширело незадоволството со царот. Во такво време Сергеј Михаилович Прокудин-Горски бил назначен за официјален царски фотограф од цар Никола II.
|
|
Повеќе...
|
|
Christoph Morlinghaus студирал фотографија во Дортмунд, „School of Design and Photography“ во Германија. Во 1999 г се преселил во Лондон и од тогаш неговиот живот е поделен помеѓу Европа и Њујорк, каде се наоѓа неговото студио. Негови клиенти се : Big, Condé Nast Traveler , Details, Dwell, Fortune, Le Dictateur, Martha Stewart Living, Monocle, New York Magazine, и Wallpaper.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>
|
|
Страница 2 од 5 |