|
Канаѓанецот Gregory Colbert ја започна својата кариера во Париз во 1983 правејќи документарни филмови за социјални теми. Неговиот документарец „On the Brink-An AIDS chronicle“, беше прикажан во девет земји и беше номиниран за ACE награда, во 1985 година, во категоријата за најдобар документарен филм. Меѓу другите негови филмски проекти спаѓаат и „Last Words“ и „Finding a Way Home“. Снимањето филмови го поведе кон неговата работа како уметнички фотограф и прозвод на тоа е неговата прва самостојна изложба „Timewaves“, во 1992 во музејот Elysée во Швајцарија, а беше дочекана со големо одобрување од критичарите.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Michael Grecco, потпретседател на Advertising Photographers of America, е фотограф кој редовно фотографира за насловните страни на Entertainment Weekly, ESPN, People, Time и други. Има портретирано повеќе славни личности меѓу кои и: Мартин Скорсезе, Луси Лиу, Вил Ферел, Рене Русо, Бен Стилер, Овен Вилсон, Пенелоп Круз, Бил Мјуреј, Џет Ли, Жоакин Феникс .... Дефинитивно ја има совладано уметноста на осветлувањетo и способноста да ja улови емоцијата, како и изгледот и вистинитоста на неговите модели. Пред неколку години ја издаде книгата „Lighting and the Dramatic Portrait, the Art of Celebrity and Editorial Photography“. Неговиот последен проект Naked Ambition: An R Rated Look at an X Rated Industry ве внесува во светот на Оскарите во порно индустријата. Повеќе за тоа подолу во текстот. Бевме заинтересирани што ќе одговори еден професионалец. Уживајте во интервјуто.
|
|
Повеќе...
|
|
Експериментите на самоукиот фотограф Benoit Paillé одат чекор понатаму во прикажување на поединци во нивната приватност. Избирајќи странци на улица, одејќи од врата до врата, тој ги одбира неговите модели поради нивната емотивна убавина. Режирајќи ја ситуацијата и поставувајќи ги моделите според волја, уметникот се обидува да креира портрети кои се верни на природата, да улови кадар кој не би постоел без неговата интервенција. За самата фотографија, користени се дигитални процеси што ја трансформираат бојата и светлината. Во неговите фотографии позадината е надвор од фокусот за да ги потенцира самите модели. Уметникот работи првенствено со природна светлина, која ја денатурализира, трансформирајќи ја во натприродна. Бојата во неговите фотографии е обвивка на темата. Неговите фотографии покажуваат естетика без компромитирање на основната суштина на предметот и неговата емоционална вредност. За Benoit е многу важно да се дотера целината во ист процес како кај рекламите, да се разубави грдото и да се направи величествено. Бидејќи во денешниот свет исполнет со реклами, естетиката е битна за да го привлече вниманието на гледачот. Paillé ги користи истите средства како и рекламата: силна слика, прекумерност, провокација, совршенство. Тој ја надминува рекламата, не со профитабилност, туку со искрениот, исконски приказ на човекот.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>
|
|
Страница 5 од 5 |