|
Rarindra Prakarsa е фотограф кој потекнува од Индонезија. Почнува да се занимава со фотографија од 1995та за да во 2002 стане полу-професионален фотограф. Ги продава своите фотографии како сток фотографии и како уметнички дела. Но, тоа е само дел за неговото портфолио. Prakarsa е еден од најфасцинантните фотографи. Неговата магија е светлината, неговите тајни се шумите во Индонезија. Работата со светлината ќе ве остави вчудоневидени, емоцијата ќе допре длабоко во вас. Prakarsa успева да ги улови емоциите на жителите на Индонезија на свој специфичен начин. Посветува огромно внимание на секоја негова фотографија. Одлична композиција, прекрасни временски услови и секако магична пост-продукција ги карактеризираат сите негови фотографии. За сите овие 15 години Prakarsa има направено стотици фотографии кои ќе ве остават без зборови. Фотограф.мк во оваа статија ви издвојува неколку, а негова поширока галерија можете да видите ТУКА
|
|
Повеќе...
|
|
|
За повеќето фотографи, microstock е начин да се заработи доволно колку да може да се отплати или надгради опремата, но за данскиот фотограф, Yuri Arcurs (користи псевдоним), microstock е многу повеќе од тоа. За него претставува бизнис во кој самиот вклучува 12 асистенти. Тој е еден од најуспешните microstock фотографи. Годишно успева да продаде 1.4 милиони лиценци (тоа се околу 2000 дневно). Неговиот бесплатен софтвер за помош при клучните зборови стои на располагање на сток фотографите. Автор е и на повеќе совети (туториали) и упатства.
|
|
Повеќе...
|
|
Има места што ве водат, светла што ве фасцинираат, емоции што ве прават среќни. Тоа најчесто претставува долг период на трагање и барање на локации кои ве инспирираат. Michel не пробува да ги улови пејсажите како сите ние што ги доживуваме, напротив тој дава една негова рамка на целата сцена. Долга експозиција, минималистички пристап кон околината и секако црно-бела фотографија се неговите карактеристики. Вложувајќи многу труд при креирањето на секоја композиција, чекајќи ги најповолните климатски услови, користејќи квадратен формат, Michel на свој впечатлив начин ни ја прикажува природата.
Michel има 32 години, живее и работи во Франција. Следува дел од неговото портфолио. Останатиот дел може да го погледнете ТУКА.
|
|
Повеќе...
|
|
David Churchill е фотограф од Лондон, работи самостојно од 1992. Неговата специјалност е дизајн, архитектура и ентериери, па може да се каже и дека има соработувано со архитекти, дизајнери, комерцијални клиенти и агенции. Тој ја комбинира неговата пасија за дизајн со чувствата за баланс и светлина, чистина и едноставност, прецизност во отстранувањето на несакани нарушувања на перфектната композиција. Во неговите слики забележуваме детално разбирање на каректеристиките на овој тип фотографија. Интервјуто ќе ви даде груба слика за тоа што е всушност значи да се фотографира архитектура и како се гради кариера во оваа област.
|
|
Повеќе...
|
|
Неговата работа личи на отсликување на оној момент, дел од секунда пред да заспиеш, пред да почнеш да сонуваш. Слика со светлината на првите зраци во мугрите на сонот кои навидум кријат некое значење, можеби и чувства. Осамените звуци на сопствените стапки одекнуваат во меланхоличната атмосфера на празната улица во напуштениот град. Фотографиите се редат како нем филм во сопствените мисли, некако лични, а сепак универзални, што секој може да си препознае свој спомен.
|
|
Повеќе...
|
|
Младиот фотограф Oleksandr Hnatenko со своето богатството на идеи и бои гради уникатни концепти со доза на конфузија која што го тера гледачот да размислува. Фотографот користејќи секојдневни случајни објекти од реалноста пренесува пораки за нештата кои човекот не ги забележува затоа што е зависен од нив. Времето, убавината, староста... минливите категории во животот се претставени на посебен начин користејќи едноставен простор. Агол од соба, геометриски делови од инфраструктурата на Виена, уличната уметност – графитите се неговата просторна основа. Инспирацијата ја црпи од музиката, научно фантастичната литература и секојдневните средби со неговите пријатели.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>
|
|
Страница 4 од 5 |