Банер
Портфолија
Модна фотографија: Jingna Zhang

Сонувајќи да биде како јапонскиот аниме пилот Gundam Wing и да живее надвор од вселената се првите амбиции на младата Jingna Zhang (aka Zemotion). Соочувајќи се со фактот дека никогаш нема да биде аниме пилот уште од свои 9 години раѓа љубов кон модата и решава да биде дизајнер. Откако одбира да студира како дизајнер, Jingna сфаќа дека сака да направи слика и да остава впечаток врз луѓето кој ќе трае повеќе од една креација. Така и се раѓа љубовта за фотографијата. Почнува да фотографира на свои 18 години. Денес има 21 година, а веќе инзвонредно портфолио позади себе. Едноставно, Jingna е една од најдобрите во она што го работи - модна фотографија, или како некои би го нарекле pop стил на фотографија.

Повеќе...
 
Me, Myself & Rebekka Guðleifsdóttir
Напишано од Bobi Kuzmanoski   

Ребека е релативно млада фотографка која доаѓа од Исланд. Покрај фотографија се занимава со цртање, плетење џемпери а истовремено е и мајка на две деца на возраст од 5 и 11 години.
Со фотографија започнува во 2000 година кога го присвојува стариот филмски Canon од татко и и се запишува на курс по црно-бела фотографија и работа во темна комора. Со купувањето на првата дигитална камера во 2004, Ребека ги спознава моќите на дигитализацијата и како што самата вели „со дигитална камера комбинирана со креативен ум и малку фотошоп може да се реализира се што ќе си замислите“. Во 2005 го открива Flickr и започнува со објавување на своите дела и моментално има повеке од 800 фотографии во своето портфолио. Во 2006 од страна на списанието Wall Street Journal  е прогласена за “Web's Top Photographer”.

Повеќе...
 
Интервју со Steve McCurry

Роден во Филаделфија, Steve McCurry студира филм на тамошниот универзитет за уметност и архитектура. Но, како што вели тој, сакајќи да работи самостојно, како негова професија ја одбира фотографијата. Почнува со работа во дневен весник, за после 2 години ја напушти работата и се одлучи на самостојна работа во Индија. По престојот во Индија и Пакистан, Steve, маскиран со партали како жител на Авганистан успева да ја премине границата на Пакистан и да влезе во Авганистан пред Руската инвазија. На излезот од земјата тој ги сошил сите негови ролни од филм длабоко во неговата облека. Благодарение на тоа успеал да ги пренесе сите филмови и за тие фотографии има добиено многу награди од кои и Robert Capa Gold Medal.

Повеќе...
 
Jeffrey Jacobs

Колку подолго сум со некој објект, толку повеќе тој ми се открива мене“ вели Jeffrey Jacobs, фотограф од Мемфис, специјализиран за фотографирање архитектура, кој ги вбројува Hnedak Bobo Group Inc., Аrchimania pc, FedEx and Hilton Hotels меѓу своите клиенти. „Отсекогаш ме фасцинирала изградената средина и сум се чувствувал предизвикан да ја споделам мојата визија на тоа што е реално и тоа што може да биде реално. Се обидувам да создадам тридимензионално искуство на просторот и структурата, што ќе му дозволи на набљудувачот да го цени растојанието меѓу објектите и рамнините, да ја почувствува длабочината на целата сцена. Кога би требало да го опишам мојот стил со еден збор би рекол „сликарски“ (анг.painterly)."

Повеќе...
 
Фотографии од дивиот свет - Süha Derbent

Süha Derbent е професионален фотограф веќе 20 години. Целта на неговото фотографирање, како што вели тој, е да ја прикаже шемата на однесување на 7 диви мачки. Досега тој си ја исполнил целта фотографирајќи ги детално овие мачки, а тие се: лав, леопард, чита, тигар, пума, јагуар и снежниот леопард. Покрај мачките Süha во 2007ма работи на фотографирање на планински горили кои се во изумирање и целото свое портфолио од таа работа го донира на организациите за заштита на животни во изумирање.

Süha има фотографирано за повеќе списанија низ својата кариера. Тој е уредник на туркото списание Gezi National Geographic Traveler. Покрај тоа тој има издадено книга насловена "Face to Face". За одбележување е и фактот дека позади Süha стојат имиња како Canon - кој му е спонзор за целата негова опрема, Shell, Emirates, Alliantz, и многу други големи корпорации кои се стремат да овој фотограф и понатака твори.

Повеќе...
 
Пејсажите на Африка - Hougaard Malan

Hougaard Malan е млад фотограф од Јужна Африка. Има само 21 година, а веќе зад себе инзвонредно портфолио од убавините на Африка. Тоа се должи пред се на неговата вистинска посветеност кон пејсажната фотографија. Поминати 2000-3000 километри само за една фотографија, чекање на денови со одлични временски услови, трагање по нови невидени локации се само дел од неговиот ентузијазам кон прикажување на убавините на неговата земја и неговиот континент.

Фотографиите на Hougaard ќе ве направат да се почувстувате дека сте точно на местото каде што се фотографирани, едноставно ќе ве „сместат“ во тие инзвонредни пејсажи. Оваа 2010та година Hougaard се посветува максимално на доловување на пејсажите на Африка. Веќе е во потрага по нови дестинации. Очекуваме нови инзвонредни дела. Во меѓувреме погледнете дел од неговите фотографии во оваа статија, а остатокот можете да го видите ТУКА.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

Страница 3 од 5