| Девојка и кафе - изложба |
|
Утре вечер (сабота 10, јули) во 20 часот во Кафе Ли, фотографскиот тандем Ани и Дими (AD photography) ќе ја отвори својата втора самостојна изложба насловена Девојка и кафе. Станува збор за 8 акт фотографии кои спојуваат две работи: пасијата на двајцата фотографи кон убавината на голото женско тело и кафињата по кои е познато Кафе Ли. Делата ќе бидат изложени во текот на целото лето.
|

