Банер
„Урбан Пејзаж“ - изложба на фотографии

01.06.2010 во 20.00 часот во Кинотека на Македонија се отвори изложбата за најдобра фотографија во која се претставија најдобрите фотографии од конкурсот за фотографија на тема „Урбан Пејзаж“.  Воведен збор имаше г-дин Валентино Димитровски, претседател на македонскиот центар за фотографија, историчар на уметноста и ликовен критичар, а изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Карпош.

 

 

Во еден пријатен и пладневен амбиент, посeтителите имаа можност да ги погледаат делата на талентираните македонски фотографи, дела за кои пофалните зборови и пријатните епитети беа составен дел на присутните посетители во исполнетата сала на Кинотека на Македонија.

 

Во прилог на настанот ви ги презентираме најдобрите фотографии како дел од амбиентот и каталогот со преостанатите трудови кои влегоа во потесниот круг и беа одбрани како најдбобри од страна на стручното жири составено од Роберт Јанкулоски, Жанета Вангели и Валентино Димитровски.

фото од настанот © Боби Кузманоски

 

Линк до каталогот со сите одбрани фотографии.

 

Прва награда

Шифра: Парадокс

Автор: Јане Љоровски - Скопје

 

Втора награда

Шифра: Камелот

Автор: Томислав Георгиев - Скопје

 

Трета награда

Шифра: 2010

Автор: Зоран Андонов - Тетово

 

Специјална награда

Шифра: АБ34В

Автор: Огнен Бојковски - Скопје

 

Превземено од организаторот на конкурсот - www.architect.mk  © Игор Василевски


blog comments powered by Disqus