| Фотосафари на Охридско и Преспанско Езеро |
|
Дел од тимот на фотограф.мк и неговите дописници на 30ти Март го посетија сеуште преплавеното Охридско Езеро и направија интересно фотосафари кое траеше окулу 45 часови. Договорот за истото се случи многу брзо, еден ден пред самото тргнување. Редовите беа консолидирани, Боби Кузманоски, Мартин Димитриевски и Марио Давчевски беше формацијата која тргна во лов на кадри од Езерото. Бевме стационирани во центарот на Охрид, но тоа не беше пречка да успееме да го прошетаме голем дел од Охридското како и дел од Преспанското Езеро. Со добар план и добра реализација успеавме да снимиме кадри од 2 изгрејсонца и 2 зајдисонца. Првиот ден како и изгрејсонцето од следниот ден беше посветен на Охридското Езеро, додека зајдисонцето од вториот ден го посветивме на Преспанското Езеро. Иако скоро качени до врвот на Галичица дознавме дека патот кон Преспа е непрооден, тоа не беше пречка да се вратиме назад и преку Ресен да побрзаме да уловиме кадри од 2 локации на Преспа. Целта беше постигната: Снимени многу кадри од Охридското и Преспанското езеро, наполнети мемориски картици, 650 километри позади нас и секако добра дружба во тие 2 дена. Единствениот недостаток на ова фотосафари беше тоа што не успеавме да исконтактираме локални фотографи да ни се придружат на ова фотосафари (но како што напоменав, самото фотосафари беше договорено само неколку часови пред тргнувањето). Токму тоа е целта на оваа статија, во иднина на сите вакви настани кои ќе ги организира фотограф.мк да бидат заедно со повеќе локални фотографи. Веќе сме во контакт со познатите дружељубиви фотографи од Битола, па можеби некој од престојните недели да ја посетиме и околината на Битола. Во прилог на оваа статија ви приложуваме неколку фотографии од Боби, Мартин и Марио. Секој со различен стил и секако различен поглед на убавините на Езерата и нивната околина. Уживајте! Боби Кузманоски:
Мартин Димитриевски:
Марио Давчевски:
|












