Банер
Настани
Отворен е веб сајт на Фото Сојуз на Македонија
Напишано од Боро Рудиќ   

Фотографијата на тлото на Македонија е повеќе од еден и пол век. Во таа долга историја, на наша жалост, беше запоставена и подценета.

Фото Сојуз на Македонија, со својот шест децениски ангажман, успеа да ја афирмира фотографијата во Македонија, и македонската фотографија вон Македонија, да ги анимира сите автори и почитувачи на овој медиум, во континуитет да работат на афирмирање на ова творештво, на афирмација на авторската и клубската работа.

Повеќе...
 
Her Morning Elegance (video)

"Her Morning Elegance" e музички спот направен од точно 2096 фотографии, снимен со „стоп техника“ и секвенцирано да се создаде чувство на движење.
По патувањето од фотографии во видео форма, уметниците на овој спот одлучија да го вратат процесот назад во првобитните слики на тој начин што ќе ги изложат сите 2096 фотографии во галерии ширум светот.

Повеќе...
 
Мајски Салон 2010

Во центарот на Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, на 13-ти мај ќе се отвори клубска изложба на уметничка фотографија. Организатор на овој салон е еден од најактивните клубови за фотографија во нашата земја, фото кино клубот Козјак50. Вреди да се погледнат нивните фотографии.

Воедно ве потсетуваме за распишаниот конкурс ФОТО ФОКУС 2010, рокот за апликација е до крајот на мај. Избраната поставка се внесува во Музејот на Македонската Фотографија.

Повеќе...
 
Фотографии од вулканот Eyjafjallajokull

По привршувањето на ерупцијата на вулканот Eyjafjallajokull и најавата за нови ерупции од поголеми вулкани во Исланд, следуваат неколку фотографии од овој природен феномен:

Повеќе...
 
Изложба на фотографии на Зоран Летра

Францускиот центар за соработка "Жан Моне" од Скопје и културниот центар "Мала станица" имаат чест да Ве поканат на отворањето на изложба на фотографии на Зоран Летра, „Каен, Љубов на прв поглед“.

Повеќе...
 
Фотосафари на Охридско и Преспанско Езеро

Дел од тимот на фотограф.мк и неговите дописници на 30ти Март го посетија сеуште преплавеното Охридско Езеро и направија интересно фотосафари кое траеше окулу 45 часови. Договорот за истото се случи многу брзо, еден ден пред самото тргнување. Редовите беа консолидирани, Боби Кузманоски, Мартин Димитриевски и Марио Давчевски беше формацијата која тргна во лов на кадри од Езерото.

Бевме стационирани во центарот на Охрид, но тоа не беше пречка да успееме да го прошетаме голем дел од Охридското како и дел од Преспанското Езеро. Со добар план и добра реализација успеавме да снимиме кадри од 2 изгрејсонца и 2 зајдисонца. Првиот ден како и изгрејсонцето од следниот ден беше посветен на Охридското Езеро, додека зајдисонцето од вториот ден го посветивме на Преспанското Езеро. Иако скоро качени до врвот на Галичица дознавме дека патот кон Преспа е непрооден, тоа не беше пречка да се вратиме назад и преку Ресен да побрзаме да уловиме кадри од 2 локации на Преспа.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>

Страница 2 од 4