Банер
Настани
Изложба на Астрофотографии

Скопското астрономско  друштво како дел од своите активности и по повод затворањето на Меѓународната  година на астрономијата 2009 во Македонија има чест да ве покани на изложба  на астрофотографии.

Изложбата е спонзорирана од градот Скопје и е дел завршните активности по повод прославувањето на годината на астрономијата во Македонија.

Повеќе...
 
Проекција на филмот „Ashes and Snow“

20, јануари 2010 , среда во 20:30, локација Галерија 7 ( 191 бр. 4 Стара Скопска Чаршија , ќе се одржи проекција на филмот "Ashes and Snow".

Впечатливото едночасовно аудио визуелно искуство е дело на Gregory Colbert, фотограф од Канада. Филмот изобилува со поетски сензибилитет, воспоставувајки хармонична врска меѓу човекот и животните. Оригинално треба да е дел од поголем проект , патувачка изложба, која вклучува повеќе од 50 огромни фотографии (3.5m на 2.5m) , инсталации, роман од писма, дополнителни кратки хаику филмови,

Повеќе...
 
Фото на Денот - National Geographic

 

15.01.2010. Доколку денеска ја посетите веб страната на National Geographic, поточно рубриката "Фотографија на денот", ќе забележите позната сцена, фотографија на остатоци од пристаниште во Охрид. Честитки до фотографот Димитар Чунговски !

Повеќе...
 
Будење... Протестот продолжува
Напишано од Chkrap on flickr   

Една недела подоцна. Проблемот се уште не е решен. Тетово и тетовчани се дават во смрдеа... Неформалната група граѓани наречена “Совесни и свесни граѓани“ по врнежливо време пак протестираа. Но сега во многу поголем број од пред една недела, со свирење и чукање, на “маршот“ од градскиот плоштад до железничката станица (во моментов дивата депонија), го изразија своето незадоволство од решавањето на овој голем проблем. Од надлежните - само ветување дека наскоро (?) ќе се реши проблемот со сметот и дивата депонија...

следуваат интересни фотографии:

Повеќе...
 
Чист воздух за тетовчани
Напишано од Chkrap on flickr   

Тетово, градот под Шара, веќе подолго време се гуши во ужасна смрдеа што се шири од дивата депонија за смет што се наоѓа на железничката станица, на само 50-ина метри од првите градски куќи.

Повеќе...
 
Куманово Фото Салон 2009

Во декември 2009, во организација на ФКК "Козјак 50", се одржи 4-тата меѓународна изложба на уметничка фотографија "Фото салон  Куманово 2009", под патронат на FIAP, PSA и Фотосојузот на Македонија.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>

Страница 4 од 4