| Eugene Atget, таткото на арт-фотографијатa |
| Напишано од Елена Ѓероска |
|
Кога била родена фотографијата како уметност? Која е разликата помеѓу документарната фотографија и арт-фотографија? Која е тенката граница помеѓу нив и дали постои? Отсекогаш постоеле различни толкувања за суштината на арт и документарната фотографија . Разликата помеѓу нив, естетиката и функција. Дали точно прецизната запечатена реалност на дводимензионалната фотографија претставува само еден механичен документ? Кој е авторот на тоа дело? Дали воопшто фотографијата може да биде сметана за нечие дело ако е само една копија на она што не опкружува? На самиот почеток на историјата на фотографијата, таа не била призната како уметност, и прашањето околу нејзината афирмација водело до многу дилеми. Одговорот на овие прашања и колебања го дал Eugene Atget . .
. Познат уште како таткото на арт-фотографијата , тој покажал дека фотографијата може да биде уметност без да се обидува да го имитира сликарството. Вo времето во кое Atget твори, 1897-1927 година, фотографите кои работеле за афирмација на фотографијата како уметност, се обидувале да прават арт-фотографија и да се оградат од обичните занаетчии кои правеле бизнис во портретните атеља. Тоа го правеле со создавање на фотографии третирани со специјални хемични процеси, за да создаде ефектна поaбстрактна , различна од реалноста фотографија, слична на сликарството. Таа тенденција во фотографијата се нарекувала пикторализам. .
. Пикторалистите се обидувале со силна постпродукција да направат „поуметнички“ фотографии, фотографии повеќе од обична копија на реалноста. Денес можеби мошне интересни, но во тоа време пикторалистичните фотографии претставуваат пречка во понатамошниот развој на фотографијата. Тие ја одалечуваат фотографијата од себеси и ја присоединуваат кон сликарството. Имено, објектите и темите на фотографирање се истите како во сликарството, а самите фотографи земаат четки во рацете за да ги “досликаат” фотографиите со цел да ги направат „поуметнички“. .
. Eugene Atget за разлика од нив, го прегрнал фотографскиот медиум без колебање и без обиди да го имитира сликарството. Со единствената цел да фотографира, тој создал уметност со просто документирање на реалноста. Исклучително искусен и набљудувачки, создал фотографии во кои пред се сѐ надѕира неговата личност. .
. Обичниот гледач можеби нема да ја забележи големината на неговите фотографии, особено од денешна гледна точка. Но треба да се земе предвид дека неговите навидум сосема обични фотографии се всушност можеби првите вистински арт-фотографии. .
. Роден во Франција, Atget за муза го избрал градот на светлината. Тој го посветил целиот свој живот на документирање на Париз. Ги фотографирал улиците, старите згради, продавниците, витрини, мостови и фасади. Во неговите фотографии е запечатен духот на Париз. Фотографирал на раната утрина светлина кога градот уште спие, кога улиците се магловити и мистериозни. Запечатил безценети погледи на Версај, Сент Клауд, Сена, Нотр Дам и други значајни места во Париз. Освен архитектура ги фотографирал и обичните луѓе од улиците, скитници, продавачи, колекционери, проститутки, работници, музичари. Исто така чест објект на фотографирање за него претставувале витрините на продавниците. Рефлексиите, двата света кој се сретнуваат и препокриваат, оној од внатрешноста и надворешниот, претставуваат првите надреални фотографии. Истите понатаму во историјата ќе ги инспирираат надреалистите и дадаистите. .
. Фотографиите на Atget се доказ за вистинската природа на фотографијата како уметност. Преку камерата тој успеал да го пронајде својот личен субјективен поглед на светот. Овој Балзак на фотографијата, како што милуваат да го нарекуваат, успеал да ги соедини двете спротивности- објективната документација и субјективното изразување на еден човек. Разликата помеѓу него и другите документаристи е изразената индивидуалност која тој ја демонстрира. Atget кажал јасно дека фотографијата е уметност токму поради тоа што може да запечати помеѓу четири рамки дел од реалноста. Нo што ќе има помеѓу нив? Фотографот е оној кој свесно решава што да биде тоа. Тој смислено зема дел од реалноста и на тој начин ја пресоздава. Му овозможува на гледачот да погледне преку неговиот поглед и да види една нова различна реалност (надреалност). .
. Ансел Адамс: „Големината на фотографијата на Atget не се мери во квалитетот од техничка гледна точка, а во човечноста која ја носат. Нема необични дизајни, непотребни декорации. Тие се исчистени, емоционални, вистински докази за ретка невообичајна перцепција и претставуваат можеби најраните појави на вистинска фотографска уметност.“
|







