|
Напишано од Елена Ѓероска
|
|
Кога била родена фотографијата како уметност? Која е разликата помеѓу документарната фотографија и арт-фотографија? Која е тенката граница помеѓу нив и дали постои?
Отсекогаш постоеле различни толкувања за суштината на арт и документарната фотографија . Разликата помеѓу нив, естетиката и функција. Дали точно прецизната запечатена реалност на дводимензионалната фотографија претставува само еден механичен документ? Кој е авторот на тоа дело? Дали воопшто фотографијата може да биде сметана за нечие дело ако е само една копија на она што не опкружува? На самиот почеток на историјата на фотографијата, таа не била призната како уметност, и прашањето околу нејзината афирмација водело до многу дилеми. Одговорот на овие прашања и колебања го дал Eugene Atget .
|
|
Повеќе...
|
|
Најпознатата фотографија на Ансел е Moonrise, Hernandez, New Mexico, 1941. Оваа слика е направена пред очите на Michael Adams, син на Ansel, кој го објаснува целиот процес за ова дело да стигне до финалниот печат. Во видеото ќе погледнете една од лабораториите во која работел неговиот татко.
|
|
Повеќе...
|
|
Ансел Адамс (Ansel Adams) ги направил своите први фотографии во 1916, за време на патувањето низ националниот парк Јосемити, (анг. Yosemite National Park), Калифорнија. Уште тогаш ги покажал првите знаци на тоа што подоцна ќе стане карактеристика на целото негово творештво: комбинација од одлична фотографска вештина и длабока почит кон американските предели. Тој е еден од најпознатите фотографи, икона, авторитет за секој аматер, професионалец или љубител на фотографската уметност.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
|