|
15.01.2010. Доколку денеска ја посетите веб страната на National Geographic, поточно рубриката "Фотографија на денот", ќе забележите позната сцена, фотографија на остатоци од пристаниште во Охрид. Честитки до фотографот Димитар Чунговски !
|
|
Повеќе...
|
|
|
Фотографија или видео, или можеби двете одеднаш. Зарем има нешто помагично од наредниве видео клипови. Долги експозиции, батериска ламба, многу фотографии, софтвер за едитување на фотографии во видео и најбитното, трпение, е рецептот на тимот Freezelight.ru . Опремата што ја користеле вклучува:
|
|
Повеќе...
|
|
Michael Grecco, потпретседател на Advertising Photographers of America, е фотограф кој редовно фотографира за насловните страни на Entertainment Weekly, ESPN, People, Time и други. Има портретирано повеќе славни личности меѓу кои и: Мартин Скорсезе, Луси Лиу, Вил Ферел, Рене Русо, Бен Стилер, Овен Вилсон, Пенелоп Круз, Бил Мјуреј, Џет Ли, Жоакин Феникс .... Дефинитивно ја има совладано уметноста на осветлувањетo и способноста да ja улови емоцијата, како и изгледот и вистинитоста на неговите модели. Пред неколку години ја издаде книгата „Lighting and the Dramatic Portrait, the Art of Celebrity and Editorial Photography“. Неговиот последен проект Naked Ambition: An R Rated Look at an X Rated Industry ве внесува во светот на Оскарите во порно индустријата. Повеќе за тоа подолу во текстот. Бевме заинтересирани што ќе одговори еден професионалец. Уживајте во интервјуто.
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Chkrap on flickr
|
|
Една недела подоцна. Проблемот се уште не е решен. Тетово и тетовчани се дават во смрдеа... Неформалната група граѓани наречена “Совесни и свесни граѓани“ по врнежливо време пак протестираа. Но сега во многу поголем број од пред една недела, со свирење и чукање, на “маршот“ од градскиот плоштад до железничката станица (во моментов дивата депонија), го изразија своето незадоволство од решавањето на овој голем проблем. Од надлежните - само ветување дека наскоро (?) ќе се реши проблемот со сметот и дивата депонија...
следуваат интересни фотографии:
|
|
Повеќе...
|
|
Експериментите на самоукиот фотограф Benoit Paillé одат чекор понатаму во прикажување на поединци во нивната приватност. Избирајќи странци на улица, одејќи од врата до врата, тој ги одбира неговите модели поради нивната емотивна убавина. Режирајќи ја ситуацијата и поставувајќи ги моделите според волја, уметникот се обидува да креира портрети кои се верни на природата, да улови кадар кој не би постоел без неговата интервенција. За самата фотографија, користени се дигитални процеси што ја трансформираат бојата и светлината. Во неговите фотографии позадината е надвор од фокусот за да ги потенцира самите модели. Уметникот работи првенствено со природна светлина, која ја денатурализира, трансформирајќи ја во натприродна. Бојата во неговите фотографии е обвивка на темата. Неговите фотографии покажуваат естетика без компромитирање на основната суштина на предметот и неговата емоционална вредност. За Benoit е многу важно да се дотера целината во ист процес како кај рекламите, да се разубави грдото и да се направи величествено. Бидејќи во денешниот свет исполнет со реклами, естетиката е битна за да го привлече вниманието на гледачот. Paillé ги користи истите средства како и рекламата: силна слика, прекумерност, провокација, совршенство. Тој ја надминува рекламата, не со профитабилност, туку со искрениот, исконски приказ на човекот.
|
|
Повеќе...
|
|
Токму овој период од годината изобилува со магла. Наместо да седите дома ви препорачуваме да излезете и да направите некоја фотографија. Маглата секогаш давала интересно чувство на мистика. Без разлика дали ќе фотографирате улична фотографија, пејсаж или можеби некој портрет, маглата секако ќе ви даде поинаков шмек на фотографијата и ќе направи истата да се одвои од вашето портфолио. Секако треба на добар начин да ја искористите маглата. Нашиот совет е да фотографирате во услови на магла во секој ден од делот, па дури и во ноќните часови. Доколку сте љубител на улична фотографија тогаш ноќните светла ќе ви завршат голема работа во креирањето на атмосферата во фотографијата. А сега во прилог се 19 добри начини како да ја искористите маглата.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 11 12 13 Следно > Крај >>
|
|
Страница 12 од 13 |