Банер
Статии
Астрофотографија
Напишано од Bobi Kuzmanovski   

По повод предстојната изложба на астрофотографии, организирана од страна на Скопското Астрономско Друштво (САД) ќе биде даден мал вовед во астрофотографијата, што и како можеме да фотографираме со опремата која ја имаме на располагање.

Астрофотографија е област во фотографијата која се занимава со фотографирање на телата кои се наоѓаат во вселената. Покрај сонцето, месечината, планетите, постојат и многу други објекти кои се цел на фоотграфирањето. Најчесто тие фотографии се прават за научни цели, но постојат и такви фотографии кои пленуваат со својата убавина и бои.

Повеќе...
 
15 одлични астрофотографии

На само еден ден пред одржување на изложбата на астрофотографии за која можете да се информирате тука, фотограф.мк ви претставува 15 одлични астрофотографии. Фотографиите во прилог се изработени со 2 техники Star Trail и Deep Sky. Уживајте во овие одлични дела, а во текот на утрешниот ден проверете на фотограф.мк за упатство за астрофотографија.

Повеќе...
 
Интервју со David Churchill

 

David Churchill е фотограф од Лондон, работи самостојно од 1992.  Неговата специјалност е дизајн, архитектура и ентериери, па може да се каже и дека има соработувано со архитекти, дизајнери, комерцијални клиенти и агенции. Тој ја комбинира неговата пасија за дизајн со чувствата за баланс и светлина, чистина и едноставност, прецизност во отстранувањето на несакани нарушувања на перфектната композиција.  Во неговите слики забележуваме детално разбирање на каректеристиките на овој тип фотографија. Интервјуто ќе ви даде груба слика за тоа што е всушност  значи да се фотографира архитектура и како се гради кариера во оваа област.

Повеќе...
 
Интервју со Martin Stranka

Неговата работа личи на отсликување на оној момент, дел од секунда пред да заспиеш, пред да почнеш да сонуваш. Слика со светлината на првите зраци во мугрите на сонот кои навидум кријат некое значење, можеби и чувства. Осамените звуци на сопствените стапки одекнуваат во меланхоличната атмосфера на празната улица во напуштениот град. Фотографиите се редат како нем филм во сопствените мисли, некако лични, а сепак универзални, што секој може да си препознае свој спомен.

Повеќе...
 
Курс за студиска фотографија

третманот на мртвата природа во сликарството и старата фотографија низ историјата; проблеми со осветлување и аналиэа на ликовни дела од историјата на сликарството и фотографијата; мртвата природа во современата фотографија. Преку овие сесии слушателите ги осоэнаваат принципите на компоэиција и начини на осветлување на раэлични материјали.

Повеќе...
 
Црно-бела конверзија. При фотографирање или при постпродукција?

Во новото дигитално време производителите на апарати се почесто ги подобруваат опциите за едитирање на фотографиите во самиот апарат. Затоа се поставува прашањето „дали е подобро да се прават црно бели фотографии при снимањето или подоцна при постпродукцијата?“

Одговорот на ова прашање е најчесто субјективен. Многу фотографи различно ја вршат конверзијата во црно-бела фотографија.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 10 од 13

фотограф.мк неделник

Име:
Email: