Банер
Статии
Ansel Adams - 2 дел (video)

Најпознатата фотографија на Ансел е Moonrise, Hernandez, New Mexico, 1941. Оваа слика е направена пред очите на Michael Adams, син на Ansel, кој го објаснува целиот процес за ова дело да стигне до финалниот печат. Во видеото ќе погледнете една од лабораториите во која работел неговиот татко.

Повеќе...
 
Ansel Adams - 1 дел (+ video)

Ансел Адамс (Ansel Adams) ги направил своите први фотографии во 1916, за време на патувањето низ националниот парк Јосемити, (анг. Yosemite National Park), Калифорнија. Уште тогаш ги покажал првите знаци на тоа што подоцна ќе стане карактеристика на целото негово творештво: комбинација од одлична фотографска вештина и длабока почит кон американските предели. Тој е еден од најпознатите фотографи, икона, авторитет за секој аматер, професионалец или љубител на фотографската уметност.

Повеќе...
 
Магијата на светлината - Rarindra Prakarsa

Rarindra Prakarsa е фотограф кој потекнува од Индонезија. Почнува да се занимава со фотографија од 1995та за да во 2002 стане полу-професионален фотограф. Ги продава своите фотографии како сток фотографии и како уметнички дела. Но, тоа е само дел за неговото портфолио. Prakarsa е еден од најфасцинантните фотографи. Неговата магија е светлината, неговите тајни се шумите во Индонезија. Работата со светлината ќе ве остави вчудоневидени, емоцијата ќе допре длабоко во вас. Prakarsa успева да ги улови емоциите на жителите на Индонезија на свој специфичен начин. Посветува огромно внимание на секоја негова фотографија. Одлична композиција, прекрасни временски услови и секако магична пост-продукција ги карактеризираат сите негови фотографии. За сите овие 15 години Prakarsa има направено стотици фотографии кои ќе ве остават без зборови. Фотограф.мк во оваа статија ви издвојува неколку, а негова поширока галерија можете да видите ТУКА

Повеќе...
 
15 фотографии со снег

Инспирирани од снежниот ден, ви предложуваме да го искористите моментот за да направите некоја добра фотографија. Ако брзо се стопи снегот или ако се одлучите сепак да останете дома, можете да уживате во овие фотографии.

Повеќе...
 
Интервју со Yuri Arcurs + видео

За повеќето фотографи, microstock е начин да се заработи доволно колку да може да се отплати или надгради опремата, но за данскиот фотограф, Yuri Arcurs (користи псевдоним), microstock е многу повеќе од тоа. За него претставува бизнис во кој самиот вклучува 12 асистенти. Тој е еден од најуспешните microstock фотографи. Годишно успева да продаде 1.4 милиони лиценци (тоа се околу 2000 дневно). Неговиот бесплатен софтвер за помош при клучните зборови стои на располагање на сток фотографите. Автор е и на повеќе совети (туториали) и упатства.

Повеќе...
 
Галерија на Michel Rajkovic

Има места што ве водат, светла што ве фасцинираат, емоции што ве прават среќни. Тоа најчесто претставува долг период на трагање и барање на локации кои ве инспирираат. Michel не пробува да ги улови пејсажите како сите ние што ги доживуваме, напротив тој дава една негова рамка на целата сцена. Долга експозиција, минималистички пристап кон околината и секако црно-бела фотографија се неговите карактеристики. Вложувајќи многу труд при креирањето на секоја композиција, чекајќи ги најповолните климатски услови, користејќи квадратен формат, Michel на свој впечатлив начин ни ја прикажува природата.

Michel има 32 години, живее и работи во Франција. Следува дел од неговото портфолио. Останатиот дел може да го погледнете ТУКА.

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 9 од 13

фотограф.мк неделник

Име:
Email: