Банер
Статии
Jeffrey Jacobs

Колку подолго сум со некој објект, толку повеќе тој ми се открива мене“ вели Jeffrey Jacobs, фотограф од Мемфис, специјализиран за фотографирање архитектура, кој ги вбројува Hnedak Bobo Group Inc., Аrchimania pc, FedEx and Hilton Hotels меѓу своите клиенти. „Отсекогаш ме фасцинирала изградената средина и сум се чувствувал предизвикан да ја споделам мојата визија на тоа што е реално и тоа што може да биде реално. Се обидувам да создадам тридимензионално искуство на просторот и структурата, што ќе му дозволи на набљудувачот да го цени растојанието меѓу објектите и рамнините, да ја почувствува длабочината на целата сцена. Кога би требало да го опишам мојот стил со еден збор би рекол „сликарски“ (анг.painterly)."

Повеќе...
 
Изложба на модна фотографија 2010

Моден викенд во Скопје со отвара на 09 март 2010 во 20:00. Започнува со групна изложба на модна фотографија во Национална галерија на Македонија, Мала Станица. Креативните експерименти во рекламната и уметничката фотографија е стилот на модните фотографи кои ќе го презентираат со неколку дела од своите успешни портфолија.

Повеќе...
 
Фотографии од дивиот свет - Süha Derbent

Süha Derbent е професионален фотограф веќе 20 години. Целта на неговото фотографирање, како што вели тој, е да ја прикаже шемата на однесување на 7 диви мачки. Досега тој си ја исполнил целта фотографирајќи ги детално овие мачки, а тие се: лав, леопард, чита, тигар, пума, јагуар и снежниот леопард. Покрај мачките Süha во 2007ма работи на фотографирање на планински горили кои се во изумирање и целото свое портфолио од таа работа го донира на организациите за заштита на животни во изумирање.

Süha има фотографирано за повеќе списанија низ својата кариера. Тој е уредник на туркото списание Gezi National Geographic Traveler. Покрај тоа тој има издадено книга насловена "Face to Face". За одбележување е и фактот дека позади Süha стојат имиња како Canon - кој му е спонзор за целата негова опрема, Shell, Emirates, Alliantz, и многу други големи корпорации кои се стремат да овој фотограф и понатака твори.

Повеќе...
 
Фотографии од олимпијадата во Ванкувер

Заврши зимската олимпијада во Ванкувер. Репортерите ловеа моменти и зад себе оставија инзвонредни фотографии. Време е да се затвори зимата со одлични репортерски фотографии од Ванкувер. Уживајте!

Повеќе...
 
15 фотографии од силуети

Силуети се добар начин да постигнете драма, мистериозност и несекојдневни емоции во вашата фотографија. Иако најчесто имаат едноставна форма тие оставаат повеќе простор за имагинација на гледачот. Во прилог следуваат 15 фотографии од силуети.

Повеќе...
 
Пејсажите на Африка - Hougaard Malan

Hougaard Malan е млад фотограф од Јужна Африка. Има само 21 година, а веќе зад себе инзвонредно портфолио од убавините на Африка. Тоа се должи пред се на неговата вистинска посветеност кон пејсажната фотографија. Поминати 2000-3000 километри само за една фотографија, чекање на денови со одлични временски услови, трагање по нови невидени локации се само дел од неговиот ентузијазам кон прикажување на убавините на неговата земја и неговиот континент.

Фотографиите на Hougaard ќе ве направат да се почувстувате дека сте точно на местото каде што се фотографирани, едноставно ќе ве „сместат“ во тие инзвонредни пејсажи. Оваа 2010та година Hougaard се посветува максимално на доловување на пејсажите на Африка. Веќе е во потрага по нови дестинации. Очекуваме нови инзвонредни дела. Во меѓувреме погледнете дел од неговите фотографии во оваа статија, а остатокот можете да го видите ТУКА.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 8 од 13

фотограф.мк неделник

Име:
Email: