Банер
Статии
Edvard Burtynsky - „Направено во Кина“

Edvard Burtynsky отсекогаш бил заинтересиран за вештачки промени во пејзажот и територијата, особено оние што ги прави развојот на индустријата. Има некоја филозофија околу сето тоа. Според него, главните чекори во еволуцијата на човекот се мери со употребата и истражување на ресурсите на Земјата од страна на луѓето: почнувајки  од камената епоха, па потоа со металот, јагленот, нафтата, итн.  Во своето дело, тој се обидува да го фати, во детали и контрасти, суштината на човечкото суштество, кој во потрага на поедноставен и посмирен живот ја троши и разорува природната средина. Овие слики се како метафора за модерните времиња,  претставени од страна на уметникот . Неговата неодамнешна репортажа за производство во Кина е пример на оваа гледна точка.

Повеќе...
 
Canon 5d mark II за 88 долари

На e-bay, бараните продукти несомнено може да се најдат со ниски цени. Но секогаш остануваат прашањата што навистина добиваме, дали продуктот е оригинален или копија, дали е функционален воопшто. Она што нé привлече деновиве е една интересна колекција на „ тела и објективи “ кои се навистина ефтини.
Ги проверивме коментарите на интернет продавниците и по тврдењето на задоволните купувачи  заклучивме дека производите се веродостоjни копии на вистинската фотографска опрема.

Повеќе...
 
Eugene Atget, таткото на арт-фотографијатa
Напишано од Елена Ѓероска   

Кога била родена фотографијата како уметност? Која е разликата помеѓу документарната фотографија и арт-фотографија? Која е тенката граница помеѓу нив и дали постои?

Отсекогаш постоеле различни толкувања за суштината на арт и документарната фотографија . Разликата помеѓу нив, естетиката и функција.  Дали точно прецизната запечатена реалност на дводимензионалната фотографија претставува само еден механичен документ? Кој е авторот на тоа дело? Дали воопшто фотографијата може да биде сметана за нечие дело ако е само една копија на она што не опкружува? На самиот почеток на историјата на фотографијата,  таа не била призната како уметност, и прашањето околу нејзината афирмација  водело до многу дилеми. Одговорот на овие прашања и колебања го дал Eugene Atget .

Повеќе...
 
Фотографии од вулканот Eyjafjallajokull

По привршувањето на ерупцијата на вулканот Eyjafjallajokull и најавата за нови ерупции од поголеми вулкани во Исланд, следуваат неколку фотографии од овој природен феномен:

Повеќе...
 
Мисија: Фотографирање на бебиња
Напишано од Димитар Атанасов   

Неодамна ја имав таа чест да станам кум на две прекрасни близначиња, Коста и Марија. Првиот пат кога отидов да ги посетам, бев вџашен од глетката: околу нив се насобрале сите роднини и пријатели и ги фотографираа со вклучен блиц. Децата беа прилично вознемирени. А, и јас.
Тој настан ми даде повод да ви предложам неколку совети за тоа како можете значително да ги подобрите вашите семејни фотографии на кои главните актери се најмалите и најважните членови од семејството.

Повеќе...
 
Елинор Каруци и нејзиниот театар на интимности
Напишано од Елена Ѓероска   

Секој има фотографии од сопственото семејство. Оние кои стојат гордо на фрижидерот, врамени покрај компјутерот или едноставно спокојно складирани во семејниот фото-албум. Но, Елинор Каруци го пречекорува прагот на интимност и се приближува поблиску до нејзиното семејство.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 5 од 13

фотограф.мк неделник

Име:
Email: