|
01.06.2010 во 20.00 часот во Кинотека на Македонија се отвори изложбата за најдобра фотографија во која се претставија најдобрите фотографии од конкурсот за фотографија на тема „Урбан Пејзаж“. Воведен збор имаше г-дин Валентино Димитровски, претседател на македонскиот центар за фотографија, историчар на уметноста и ликовен критичар, а изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Карпош.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Напишано од Марио Давчевски
|
|
Metin Demiralay е фотограф од Анкара, Турција. Главната инспирација во неговата работа се жените. На целото негово портфолио преовладуваат девојки, впрочем и да нема фотографии од мажи. Гледајќи го неговото портфолио, тоа ќе ви предизвика бура на емоции. Нежни и сензуални портрети ќе ве одведат во светот на емоциите за животот. Сето тоа проследено со „жива“ пост продукција ја прави сцената како спомен од некое минато време. Толку слични фотографии, а сепак предизвикуваат различни чувства.
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Елена Ѓероска
|
|
Уште од самите почетоци , од дагеротипиjата навака, историjата на фотографиjата сведочи за постоjаната желба на фотографиите да jа поедностават фотографиjата, со цел поголема неjзина распространетост. Модерната технологиjа успеа да jа донесе дигиталната фотографиjа во сечии раце. Бpоjот на фотографи, фотографски клубови, интернет страници и изложби е поголем од кога и да е. Фотографиjата денес е нераскинлив и незаменлив дел од нашите животи. Само неписмен човек не може да фотографира.
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Марио Давчевски
|
|
Пред окулу 7 години Dave го купува својот прв апарат и се решава конечно да ги реализира своите идеи. Неговата прва замисла не е фотографирање на луѓе, ниту природа. Тој се затвара во својот подрум и почнува со светлата што ги поседува да ги гради своите концепти. Поминувајќи по педесетина часови неделно во својот подрум, кликајќи на апаратот, Dave ги вбризгува неговите концепти во фотографијата.
|
|
Повеќе...
|
|
„Во историјата на македонската култура на 20-тиот век, Благоја Дрнков создаде неизмерен опус од повеќе од 40.000 фотографии со кои тој стана личност која е истовремено и институција. Неговата естетика зрачи со духот од моментите и ситуациите. Неговите фотографии се преполни со детална и возвишена живост, а тоа е априори заради неговата високо естетска мотивација.“
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Боро Рудиќ
|
|
Фотографијата на тлото на Македонија е повеќе од еден и пол век. Во таа долга историја, на наша жалост, беше запоставена и подценета.
Фото Сојуз на Македонија, со својот шест децениски ангажман, успеа да ја афирмира фотографијата во Македонија, и македонската фотографија вон Македонија, да ги анимира сите автори и почитувачи на овој медиум, во континуитет да работат на афирмирање на ова творештво, на афирмација на авторската и клубската работа.
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Страница 3 од 13 |