Статии
Фотографии на Ансел Адамс вредни 200 милиони долари

Хобито на Rick Norsigian било да трага и да собира непотребни работи. Тој купил 2 мали кутии пред 10 години за 45 долари (откако се исценкал од 70 долари). Тие две кутии денес се проценуваат на 200 милиони долари!

Кутиите содржеле 65 негативи од Ансел Адамс кои биле снимени во раниот период од неговата кариера. Експертите веруваа дека негативите биле уништени во 1937г. при пожар во темна соба, меѓу кои настрадале и 5000 плочи.

Повеќе...
 
Девојка и кафе - изложба

Утре вечер (сабота 10, јули) во 20 часот во Кафе Ли, фотографскиот тандем Ани и Дими (AD photography) ќе ја отвори својата втора самостојна изложба насловена Девојка и кафе. Станува збор за 8 акт фотографии кои спојуваат две работи: пасијата на двајцата фотографи кон убавината на голото женско тело и кафињата по кои е познато Кафе Ли. Делата ќе бидат изложени во текот на целото лето.

Повеќе...
 
Отворање на Уметничка изложба - Фото Фокус 2010

Уметничката изложба на Македонска фотографија, Фото Фокус 2010, ќе биде отворена на ден 8 јули во 20 часот во просториите на Дом на Културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Повеќе...
 
ЛЕТНА ФОТО ШКОЛА - ПЕЈЗАЖ

Летната школа е наменета эа сите љубители на фотографијата кои самостојно користат фотографска камера. Во рамките на летната школа ќе бидат организирани работилници кои предвидуваат тематски предавања эа пејзажна фотографија и эа техники на снимање, како и практична работа. Практичната работа ќе биде поделена на два дела: снимање (иэбор на мотив, светло, компоэиција) и обработка и аналиэа на снимениот материјал. Заради иэбор на повеќе мотиви при снимањето, во рамките на школата ќе се органиэираат екскурэии во околните места. На крајот на школата ќе биде организирана изложба на најуспешните фотографии. Напоменуваме дека секој слушател треба да поседува сопствен дигитален фотоапарат.

Повеќе...
 
Изложба на фотографии на ФК Елема

Фото клубот Елема ве поканува на годишната клубска изложба, која ќе се отвори во среда, 16. Јуни 2010 година, во Културно Информативниот Центар (КИЦ), со почеток од 20:00ч. На изложбата ќе бидат претставени 40-тина фотографии од 13 автори членови на клубот. Фотографиите се тематски разновидни и со различни формати, а претставуваат пресек на творештвото на членовите на Фото клуб „Елема“ од изминатата и оваа година.

Повеќе...
 
Милчо Манчевски - изложба на фотографии

По Улица (1999), Музејот на современата уметност ја организира и втората изложба на фотографии на режисерот Милчо Манчевски, насловена како „Пет капки сон“, во која тој ги претставува сликите настанати во последните десетина години во вид на записи од мноштво различни секојдневни настани, улични сцени, филмски снимања, интимни белешки и се разбира од неговите постојани патувања, вклучувајќи ги и неколкуте посети на Индија, Азија и Африка..

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 12

фотограф.мк неделник

Име:
Email: