Банер
Leica Oscar Barnack award 2010

Реномираниот фотографски натпревар, Leica Oskar Barnack е отворен по 31ви пат во 2010та година. Овој натпревар е отворен за сите (идни) професионали фотографи. За да земат учество, фотографите мора да пратат серија од фотографии - најмалку 10, најмногу 12. Дозволена е само една серија од фотографии по учесник. Фотографиите мораат да бидат снимени во 2009та година или во повеќе долгогодишни проекти, но потребно е барем една фотографија да биде од 2009тата.

Учесниците треба да бидат над 25 години. За сите учесници до 25 години има посебен натпревар кој ќе се одржува по втор пат.

Жирито ќе биде составено од интернационали членови кои ќе ги оценуваат способноста на фотографите да прикажат однос на релација човек-околина во секвенца од најмалку 10 фотографии.

Фајловите кои ги праќате не смеат да бидат пошироки од 1920 пиксели и повисоки од 1200 пиксели, но мораат да имаат барем една од овие 2 максимални големини. Треба да бидат сочувани за интернет прикажување со 72dpi исклучиво во JPEG формат.

Наградата ќе биде 5000 евра со можност за таа сума да земете опрема од производителот Leica. Наградата за натпреварот до 25 години ќе биде 2500 евра.

За повеќе информации тука.