| Конкурс за фотографија на тема „Урбан пејзаж“ |
|
Врз основа на програмата за култура за 2010 година, Градоначалникот на Општина Карпош и Комисијата за култура при Советот на општината во соработка со Архитект.мк објавуваат:
Конкурс за фотографија на тема ,,Урбан пејзаж“
Услови за пријавување и учествување на конкурсот: - Конкурсот е отворен за учество кон сите љубители на фотографија; - Секој фотограф на конкурсот може да учествува со по една фотографија; - Фотографијата треба да биде во принт, со димензии 30/40см или 30/45см; - Фотографијата мора да е фотографирана во Македонија; - Фотографијата не смее да биде претходно изложувана; - Фотографијата не смее да содржи име, презиме, иницијали или било какви текстуални карактери и симболи на предната страна; - Фо тографијата се предава со шифра којашто ќе биде залепена од задната страна; - Со фотографијата се предава и нетранспарентен плик, на кој што ќе биде испишана истата шифра како на задната страна од фотографијата, со назнака ШИФРА: (наслов на шифрата). Во пликот се доставува идентитетот на авторот на фотографијата; - Заради потполна анонимност на конкурсната фотографија, потребно е фотографијата заедно со пликот да биде доставена во непроѕирна и запечатена обвивка, обезбедена од оштетување при транспорт, со назнака Конкурс за фотографија: „Урбан пејсаж“. Под оваа ознака ја испишувате вашата ШИФРА и ставате назнака „НЕ ОТВОРАЈ!“ ; - Избор од 30 фотографии ќе бидат селектирани и ќе влезат во вториот круг на оценување; - Покрај главните награди, на авторите чии што фотографии ќе влезат во вториот круг, им следува откуп за приложената фотографија во вредност од 1000 денари; - Фотографијата и пликот, авторот треба да ги достави во Архивата на Општина Капрош, бул. „Партизански Одреди“ бр.68, Барака бр.3; - Со предавањето на фотографијата апликантите задолжително ќе мора да пополнат формулар; - Фотографијата се доставува најдоцна до 20.05.2010 година; - Авторите кои што нема да влезат во вториот круг, своите фотографии ќе може да ги подигнат секој работен ден, во рок од 20дена по завршување на конкурсот; - Организаторите на конкурсот за фотографија Урбан Пејзаж, го задржуваат правото за дисквалификување на фотографии кои што не соодвествуваат и не се придржуваат на пропишаните правила и услови.
Жири-комисија: - Роберт Јанкулоски, фотограф и директор на македонскиот центар за фотографија; - Жанета Вангели, професор на Ликовна академија, мултимедијален уметник, активна во областа на фотографијата, сликарството, видеото и филмот; - Валентино Димитровски, претседател на македонскиот центар за фотографија, историчар на уметноста и ликовен критичар, раководител на Одделението за движно културно наследство при Министерството за култура;
Награди: Прва награда - 30,000 денари Втора награда - 20,000 денари Трета награда - 10,000 денари Објавата на резултатите како и датумот на изложбата ќе бидат дополнително објавени на официјалната веб-страница на Општина Карпош www.karpos.gov.mk и на www.architect.mk
Лице за контакт: Стефанија Макаровска е-маил: stefanija.makarovska@karpos.gov.mk , тел: 3069-665, Барака бр. 5, Општина Карпош Формуларот кој што ќе треба да го пополните при предавање на вашата фотографија можете да го превземете тука
Дополнителни информации за конкурсот на фотографија: 01. Фотографијата на својата предна страна не смее да содржи рамки, ознаки, или пак да открива било каков идентитет. На задната страна од фотографијата ќе ја обележите вашата шифра со назнака ШИФРА:(наслов на шифрата). Покрај фотографијата потребен ви е стандарден плик, во кој на предната страна ќе напишете Конкурс за фотографија „Урбан Пејзаж“. Под овој текст ќе ја испишете вашата шифра со назнака ШИФРА:(наслов на шифрата).
02. Испишување на било какви имиња ознаки или поставувања на рамки, како и испишување на вашиот идентитет на самата фотографија автоматски ја дисквалификува вашата фотографија.
03. Фотографијата треба да биде со димензии 30/40 сантиметри или 30/45 сантиметри.
04. Заради потполна анонимност на конкурсот, приложената фотографијата заедно со пликот во кој ќе го напишете вашиот идентитет, да ги обвиткате во непроѕирна и запечатена обвивка која што ќе ја доставите во Архивата на Општина Капрош, бул. „Партизански Одреди“ бр.68, Барака бр.3. Со нејзиното предавање ќе го пополните и формуларот кој ќе ви биде даден во архивата.
|





