Домашни
Photomedia 2010

Отворена е дванаесетата уметничка изложба, PHOTOMEDIA. Почетоците на оваа уметничка изложба датираат од 1988ма година, кога двата града Скопје и Нирнберг ја организираа првата изложба како дел од „Скопско лето 1988“. Организатори на изложбата беа всушност клубовите „Елема“ и „ФК Нирнберг“. На изложбата земаа учество 10 Германски и 9 Македонски автори.

Повеќе...
 
5ти меѓународен Фото Салон Куманово

Изложбата е огранизирана од страна на Фото Кино Клубот „Козјак 50

ПАРТИЦИПАЦИЈА

Изложбата е отворена за секого; учество може да биде одбиенo, од страна на организациониот одбор, спонзорите или жирито, доколку сметаат дека фотографијата не ги исполнува условите и правилата дадени во пропозициите.
Фотографиите можат да бидат изменети, дигитално или на друг начин. Таквата фотографија би можела да биде примена, доколку во неа доминира уметничката фотографија. Со поднесување, учесникот докажува дека делото е негово и со тоа дозволува целото или било кој дел од делото да биде користено бесплатно за медиуми и било какви други потреби на изложбата, под ова се подразбира дека фотографиите можат да бидат објавени со ниска резолуција на веб страната. Органзаторите на изложбата не превземаат никаква одговорност за било какво злоупотребување на авторските права.
Партиципацијата за учество изнесува 15 евра или 20 долари пратени заедно со фотографиите.(За македонски автори партиципацијата изнесува 300 денари).

Повеќе...
 
Фото конкурс - Заеднички визии (до 05 мај, 2010)

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Институтот за развој на заедницата од Тетово, под покровителство на УНЕСКО и со поддршка од Фондот за Милениумските развојни цели и Владата на Шпанија, распишуваат фотоконкурс на тема „Заеднички визии“. Целта на овој конкурс е да ги поттикне младите граѓани на Република Македонија да ги слават и негуваат културните различности во Македонија, да се потенцира она што во сета разноликост ни е заедничко и нè зближува, и да се одбележи соработката помеѓу различните култури, етнички и верски заедници во Република Македонија. Очекуваме на конкурсот да пристигнат визуелни претставувања на моменти и стории кои прикажуваат интересни и впечатливи примери од секојдневниот живот во мултикултурна и мултиетничка Македонија, и дигитални илустрации со кои авторите ги претставуваат своите визии за заедничката иднина на сите етнички, религиозни и културни заедници во земјата.

Повеќе...
 
Конкурс за фотографија на тема „Урбан пејзаж“

Врз основа на програмата за култура за 2010 година, Градоначалникот на Општина Карпош и Комисијата за култура при Советот на општината во соработка со Архитект.мк објавуваат:

Повеќе...
 
Фото Фокус 2010

 

Изложбата е отворена за секој автор од Р. Македонија; учество може да биде одбиенo, од страна на организациониот одбор, спонзорите или жирито, доколку сметаат дека фотографијата не ги исполнува условите и правилата дадени во пропозициите. Фотографиите можат да бидат изменети, дигитално или на друг начин. Фотографијата треба да биде пратена во дигитална форма со минимални димензии од 20х30 цм во 300 dpi во jpeg формат. Со поднесување, учесникот докажува дека фотографијата е негова и со тоа дозволува во целост или било кој дел од фотографијата да биде користена бесплатно за медиуми и било какви други потреби на изложбата. Органзаторите на изложбата не превземаат никаква одговорност за било какво злоупотребување на авторските права. Партиципацијата за учество изнесува 300 ден. и се праќа заедно со компакт дискот.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Страница 1 од 2