Банер
Направи сам
Како сами да направите "beauty dish"
Напишано од М-р Димитар Чунговски   

Beauty dish е една од soft light направите за фотографско осветлување. Работи врз принцип на параболичен рефлектор кој ја растура светлината од блицот или моноблокот кон фотографираниот објект и дава многу интересен контрастен и драматичен ефект. Светлината која се добива со beauty dish-от е помеѓу директно светло и софтбокс. Следува уште еден успешен викенд проект...

Повеќе...
 
Како да направите оптички тригер
Напишано од Владимир Цветкоски   

Имате стари блицови кои не можете да ги искористите на вашиот нов DSLR, ви треба светлина од агол различен од кој фотографирате? Сакате креативно да го искористе светлото? Тогаш решение е едно мало уредче наречено-Optical Trigger . Неговата цена се движи од 8$ do 12$, зависно од моделот -на Ebay(но ќе чекате еден месец  да стигне), кај нас може да се најде по цена од 700ден, а сами може да го изработите за 100ден.

Повеќе...
 
Како да направите држач за блиц и чадор
Напишано од М-р Димитар Чунговски   

Ако основната идеа на овој мини проект беше следна: да се направи на најбрз и најевтин можен начин држач за блиц и чадор кој ке може да се монтира на статив за апарат. На располагање за овој стробист комплет имав кинески блиц Tumax 116, фотоќелија и бел чадор за дифузирање (купен од на пазар), како и статив за апаратот.

Повеќе...
 
Професионална маса за фотографирање

Еден наш пријател, Димитар Горгев, работи "micro stok" фотографија веќе подолго време. Често фотографира мали предмети и храна, па почувствувал потреба да има постојано наместена сцена, за да не губи време при нејзина подготовка и веднаш да почне да фотографира штом дојде во неговото студио. Се одлучил да купи специјална маса за таков тип фотографија и лесно да си го реши проблемот. Но како што ни посочува тој, цената на посакуваната маса е навистина голема, а тоа го натерало да размислува како да ја направи сам.  Деновиве го добивме неговиот рецепт за успешен проект:

Повеќе...
 
Безбедно користење на стари блицеви со висок напон

Доколку имате стари блицеви, или пак ги купите, а сакате да ги користите, шансите да ги прегорите вашите скапи DSLR тела се прилично големи. Тоа се случува поради високиот напон (200-500V) кој се јавува во контактните точки на блицот.

Повеќе...
 
Капаче статив
Напишано од стробистМК   

Дали некогаш ти текнало дека ти треба статив на висина околу 20см, кој што би го носел во џеб, би чинел не повеќе од 5 денари и би можел да си го направиш многу брзо, дури точно во моментот кога ти е најпотребен? Мислам дека за ова не важи правилото на Марфи!!!

Повеќе...