Банер
За почетници
Длабочина на поле (DOF)

„Длабочина на поле“ или поле на длабинска острина е поим кој често се среќава во разговорите меѓу поискусните фотографи. Како се постигнуваат ефектите кои со голо око не може да ги доживееме? Несомнено плитката длабочина на поле е карактеристика на поскапите апарати, зошто е тоа така? Физиката која стои зад овие прашања е објаснета и надополнета со визуелен јазик во видеото што следува. Интересен приказ за секој почетник. Освен за фотографија овие општи правила важат и за филм.

Повеќе...
 
White Balance во дигиталната фотографија

White Balance – WB е процес при кој се отстрануваат нереалните бои врз објектите во фотографијата. Името White Balance доаѓа од тоа дека тој ја оценува белата боја, т.е. објектите кои се бели во живо треба да се прикажат и како бели на вашата дигитална фотографија. Правилниот WB се постигнува со нагодување на „температурата“ на светлинскиот извор, што всушност се однесува на потопла или поладна нијанса на белата светлина. За разлика од нашите очи, камерата не е толку „стручна“ да оцени што е бела боја при различни светлински услови. Во повеќето фотоапарати постои опција Automatic White Balance – AWB што исто така не е сигурен метод дека боите што ќе ги добиете на една фотографија се всушност оние реалните. Неправилен WB може да ви создаде фотографија во која преовладува жолтеникава, сина, зелена или други нереални бои кои особено влијаат кога фотографирате луѓе. Разбирањето на White Balance ќе ви помогне да ги избегнете оние нереални бои создадени од вашиот фотоапарат.

Повеќе...
 
Печатење на фотографии

Со развојот на дигиталната технологија, фотографијата стана насекаде достапна и како техника и како уметност. Меѓутоа, збирот од 1 и 0 по хард-дисковите не претставуваат фотографија се додека не се пренесат на хартија. Во редовите што следуваат ќе имате можност да прочитате како наједноставно да ги принтате вашите фотографии.

Повеќе...
 
Како функционира еден фотоапарат: Дел I

Денес секој од нас може а најверојатно и поседува фотоапарат во една или друга форма. Желбата на луѓето да овековечат некои моменти од своите животи придонесе за интензивен развој на фотографијата и фотографската технологија, па така направен е голем исчекор од времињата кога фотоапаратот беше семејно богатство кое не ретко се позајмуваше на роднини и пријатели кои не ја имаа таа среќа да располагаат со оваа технологија. Сега фотоапаратите се насекаде, почнувајќи од мобилни телефони и привезоци за клучеви до скапи и професионални модели за искусните корисници.

Повеќе...
 
Речник на фотографски поими

Како што се има почеток и старт, така и фотографијата има поими со кои би требало да се запознае секој почетник пред да започне со фотографија. Без разлика дали фотографирате професионално или едноставно тоа ви е хоби, треба да ги знаете следниве поими со што би направиле поквалитетни фотографии или  полесно би нашле решение за можните проблеми при фотографирањето.

Повеќе...