| Додавање на текстури во Photoshop |
|
Во денешно време кога повеќето фотографираат дигитално има фотографи на кои им недостасува „стариот“ изглед на фотографијата. Кога се фотографира дигитално еден од начините да го постигнете стариот филмски изглед е да додадете текстура во Photoshop. За да додадете текстура во Photoshop, најпрво треба да ја одберете истата. Се поставува прашањето: како да најдам текстура?. Текстура може да најдете со наједноставно пребарување по сајтовите кои овозможуваат поставување на фотографии како на пример flickr, deviantart... Еден добар член на страната flickr ви нуди бесплатни текстури кои можете да ги прегледате и превземете ТУКА. Откако ја одбравте соодветната текстура која ќе ви се вклопи во атмосферата на фотографијата да започнеме со вметнување на истата. Текстурата, која е најверојатно во .jpeg формат, ја отварате истата во Photoshop. Ја отварате и посакуваната фотографија во Photoshop. Како што е покажано на сликата подолу, ја селектирате Move Tool алатката (V), и едноставно ја влечете текстурата врз фотографијата.
Откако ќе го направите тоа, зависно од големината на текстурата, прозорецот каде ви е фотографијата ќе биде целосно или делумно покриен од текстурата. Во овој случај покриеноста е делумна и тоа изгледа вака:
Напомена: Доколку текстурата е многу мала во однос на фотографијата, нејзиното зголемување може видно да ја влоши резолуцијата на истата па да не го добиете посакуваниот ефект. Во тој случај или ќе ја намалите димензијата на фотографијата или ќе најдете текстура со поголема резолуција. Да ја погледнеме палетата на слоеви (Window > Layers или F7). Имаме 2 слоја. Едниот е позадинскиот слој - самата фотографија, другиот е насловен Layer 1 и ја претставува текстурата. За да можеме да ја нанесеме текстурата како што навистина сакаме го селектираме погорниот слој каде што се наоѓа текстурата и одбираме од паѓачкото мени Overlay. Принципот е прикажан на сликата подолу.
Да напоменеме дека покрај опцијата Overlay можете да користите други опции од паѓачкото мени. Во овој курс ќе се задржиме само на Overlay. Вие пробајте ги опциите Hard Light, Soft Light, Vidiv Light, Liner Light итн во зависнот од тоа што сакате да добиете. Во нашиот случај Overlay е најдобра опција. Откако одбравме добивме прилично зелена фотографија која не потсетува баш тоа што сакавме да го добиеме. Тоа е така бидејќи текстурата која ја нанесовме е во боја. Треба истата да ја десатурираме. Тоа во случајов ќе го направиме со деструктивната опција Image > Adjustments > Desaturate откако предходно ни е селектиран слојот каде што се наоѓа текстурата (Layer 1). Го добиваме ова:
Го добивме посакуваниот „стар“ изглед преку додавање на текстурата. Но има еден мал проблем. Текстурата е нанесена насекаде па дури и на лицето на девојката на фотографијата. Понекогаш ќе имаме и „потешка“ текстура и тогаш тоа навистина ќе смета. За да отстраниме само делови од една текстура во кој и да било предел на фотографијата го применуваме следниот метод: Најпрво го селектираме слојот каде што е текстурата (во случајов Layer 1). Во палетата на слоеви одбираме Add Layer Mask и го добиваме ова:
На овој начин додадовме маска. Маска е функција преку која му дозволуваме на еден слој да биде видлив. Така на пример, во нашиот случај имаме бела маска на Layer 1. Тоа значи дека целиот слој Layer 1 ќе биде видлив. Доколку ставиме црна маска наместо бела тогаш Layer 1 нема да биде видлив, односно ќе се гледа се што е под него, во случајлов позадинскиот слој каде е и самата фотографија. Значи креираме маска која стандардно е бела. Доколку сакате ја смените бојата на маската од црна на бела тогаш ја селектирате истата и притиската ctrl+i. Потоа селектираме четка (Brush Tool) со големина по желба и со што помала вредност за hardness (пр. 0%). Во погорното мени за Opacity селектираме некоја вредност окулу 30-50%.
За боја на четката избираме црна преку едноставно притискање на буквата D од тастатурата. Оваа команда ни ги враќа боите на Photoshop-от во црна и бела. Со оваа четка, откако ни е селектирана маската во Layer 1 (Маска се селектира со едноставно притискање врз неа) боиме врз фотографијата на местата на кои не сакаме да се познава текстурата. Забележуваме како од тие места делумно исчезнува тексстурата. Делумното исчезнување е како резултат на Opacity вредноста што ја избравме. Ако сакаме целосно да исчезне текстурата од одредена локација можеме да пребоиме повеќе пати врз истата локација или да одбереме поголема вредност за Opacity. Напомена 1: Доколку сакате да ја вратите избришената текстура од некој дел, наместо да правите Undo, можете да одберете бела четка и да избоите на местото каде веќе избоивте со црно и ја „сокривте“ текстурата! Напомена 2: Бела маска на некој слој - слојот е видлив. Црна маска на некој слој - слојот е невидилив, а видлив е слојот што е под него.
Завршивте! Текстурата е нанесена на фотографијата и тоа само на оние делови на кои вие посакувавте. Разликата е забележителна! Притиснете на фотографијата подоле за поголема резолуција!
|



Ова значи дека текстурата е помала од фотографијата. Има 2 начина да се реши ова. Или да ја зголемиме текстурата или да ја намалиме фотографијата. Бидејќи текстурата не е многу помала од фотографијата можеме со опцијата Edit > Free Transform и преку движење на рабовите на текстурата да ја зголемиме истата. Тогаш во прозорецот на фотографијата добиваме текстура во горниот слој а фотографија во долниот слој.




