Банер
Подесување на White Balance во Photoshop

Надоврзувајќи се на статијата за White Balance во фотографијата, во оваа статија фотограф.мк ќе ви прикаже како да го менувате истиот при пост продукцијата. Во кратки црти, WB претставува начин на кој балансот на бојата е подесена така што белите објекти при различни светлински извори изгледаат повторно бело.

Па да започнеме со една пример фотографија.

 

Приметуваме дека оваа фотографија има премногу топли бои. Еден од начините да го регулираме White Balance-от е преку опцијата Levels во Photoshop. Па така, откако ја отворивме фотографијата бираме Image > Adjustments > Levels или користиме CTRL+L од тастатурата.

 

Откако се отвори делот со Levels под опцијата Options, гледаме 3 пипети. Тие ќе ни послужат да дефинираме некои бои на фотографијата. Ако се доближиме со глушецот врз нив ќе видиме дека објаснувањата се:

- Sample in image to set black point - најлевата од трите пипети. Со неа дефинираме црна боја.

- Sample in image to set gray point - средната пипета. Со неа дефинираме сива боја

- Sample in image to set white point - десната пипета. Со неа дефинираме бела боја.

Всушност самото име сликовито ја опишува функцијата на секоја од пипетите. Па така, бидејќи апаратот има згрешено во тоновите на боите, за да ја дефинираме која ќе биде бела боја, ја одбираме најдесната пипета и со неа кликнуваме на позната бела површина. Во случајов како најреферентна боја ја одбравме белата боја која се појавува на ногарките од рефлексијата на светлото. Истата постапка ја применивме со црната. За референтна боја е земена црната боја во косата на девојата. Резултатот е следниов:

 

Навистина се ослободивме од тие топли тонови и ги добивме реалните тонови кои ја карактеризираа сцената во која фотографиравме! Доколку сакаме уште да ги менуваме тоновите можеме тоа да го правиме со слајдерите на хистограмот, а притоа може и да го менуваме каналот кој сега е RGB.

Така во овој RGB канал, всушност слајдерите од лева кон десна страна го претставуваат преминот од црна во бела боја. Доколку наместо RGB го одбереме Red каналот, имаме

 

Па со поместување на левиот слајдер надесно додаваме тиркизна боја, а со поместување на десниот слајдер кон лево додаваме црвена боја. Останатите 2 канали се Green и Blue. Во Green каналот се преминува од виолетова кон зелена боја, а во Blue каналот од жолта кон сина боја. Така со нагодување на овие бои можеме да го подесиме точниот баланс на бои.

White Balance во Adobe Camera RAW

WB во Camera RAW се работи многу лесно и интуитивно. Доколку фотографирате RAW тогаш може лесно да ја нагодите температурата преку 2 слајдери "Temperature" и "Tint".

Покрај RAW и ЈPEG формат можете да отворите во RAW. Тоа беше покажано во оваа статија.

Заклучок

White Balance е работа на која треба да и се посвети внимание. Некој преку Adobe Camera Raw, некој преку Levels, сепак многу честа е потребата на корекција на WB.


blog comments powered by Disqus