Банер
JPG слика во Adobe RAW

Со постојано користење на Adobe Camera RAW за обработка на фотографиите во „суров“  формат, навикнавме на брзите и едноставни промени на опциите преку интуитивното мени со лизгачки функции. Овој подпрограм се активира во рамките на поновите верзии на Photo Shop. На прв поглед забележуваме дека едноставно се нагодува посакуваната експозиција, контраст, сатурација, острина, баланс на бела боја...

Малкумина знаат дека во Camera RAW, освен .raw може да отвориме и фотографии со екстензија .jpg . Тоа е потребно доколку самиот апарат нема можности за сурови записи на фотографиите или едноставно „погрешно“ сме ја зачувале само компресираната JPG верзија. Со менување на параметрите кај веќе компресираната слика има ризик побрзо се дојде до несаканите атрефакти и видлив шум на постпродукција, затоа е подобро доколку сликате raw (кој „издржува“ повеќе), но во негов недостиг добро е да го употребувате Adobe Camera Raw и за компресираните.

Само за пример ќе искористам една моја фотографија иако ја имам и оригиналната .raw верзија.  Многу често се случува апаратот автоматски да погреши во одлучување на балансот на белата боја. Сметам дека мојата фотографија е можеби малку претопла и сакам да го корегирам тоа. Го стартувам Photo Shop и од главното мени одбирам File>Open As.

 

 

За форматот на записот избирам Camera Raw, а потоа ја барам фотографијата што сакам да ја обработам

 

 

Со селектирање на фотографијата се отвара подпрограмот во кој ги наоѓаме сите тие корисни функции кои ни помагаат за квалитетното „развивање“ на суровите фотографии и на ист принцип можеме да ги искористиме да „развиеме“ и компресирано дело.

 

Во White Balance ја регулирам температурата со тоа што го поместувам лизгачот кон „ладната“ сина нијанса и добивам сосема друго чувство со истата фотографија. Доколку сакате можете да експериментирате и со останатите параметри за обработка, а потоа да продолжите со посложените алатки во Photo Shop.

 

Се надевам дека овој едноставен совет ќе ви помогне во идно креативно изразување и ќе го зголеми техничкиот квалитет на вашите дигитални записи. Се разбира со умерената употреба на софтверот ќе успеете да ги постигнете идеалните резултати. Некогаш и софтверот не е доволен да се извлечат деталите од погрешена експозиција, затоа внимавајте како фотографирате и стремете се кон што подобар основен запис. Тој може да биде и доволно добар за да нема потреба да се „развива“ суровата фотографија, бидејќи секоја погруба софтверска интервенција резултира со зголемено ниво на шум.

 


blog comments powered by Disqus