| Stock Фотографија |
| Напишано од ljsphotography |
|
Првично текстов беше објавен на 3-ти февруари 2007 година, пред околу точно 3 години, за кое време доста работи се сменија во светот на Stock фотографијата. Овој ревидиран текст има цел да ги обнови информациите и да додаде нови. Во меѓувреме, Microstock агенциите и Microstock фотографијата не се веќе новитет и раритет, туку тие прераснаа во големи агенции со милионски профит, агенции кои полека но со сигурност почнуваат да привлекуваат се поголем број на клиенти од се поразлични профили.
Stock фотографијата или фотографија за комерцијална употреба генерално може да се подели во две категории: 1. Традиционална stock фотографија (генерално се врши продажба на Rights Managed фотографии, а најпознати агенции се Getty images, Corbis, итн.) 2. Microstock фотографија (генерално се врши продажба на Royalty Free фотографии, а најпознати агенции се iStockphoto, Shutterstock, Dreamstime итн.)
Поновата или Мicrostock фотографијата се појавува во последните неколку години со експанзија на интернетот и претставува нов бизнис модел на полето на продажба на комерцијални фотографии. Најпознати играчи на ова поле се stock агенциите како Shutterstock, iStockphoto, Dreamstime и др. Мicrostock фотографијата ја карактеризира терминот Royalty Free што пак означува плаќање на еднократна сума на пари за временско неограничено користење на фотографијата. Исто така овој вид на stock фотографија се разликува од традиционалниот, Rights Managed вид на stock фотографија, во тоа што никој не ја поседува ексклузивноста на фотографијата, т.е. фотографијата може да се продава во неограничен број на неограничен број на купувачи. Цената најчесто е фиксна и достапна за секого, дури и за љубителите на добрата фотографија кои само сакаат да ја освежат desktop позадината од својот компјутер. Најголемиот број на фотографи кои испраќаат фотографии на овој вид на stock агенции се фото-ентузијасти, фотографи-аматери, хоби-фотографи (во меѓувреме, од 2007 па досега, се поголем број на професионални фотографи испраќаат фотографии на овие агенции), што не значи дека нивните фотографии заостануваат зад оние од професионалните фотографи. Stock фотографијата најчесто се употребува во списанија, брошури, на интернет страници, блогови, како рекламен и промотивен материјал, итн. Некои општи правила за Microstock фотографијата. Секоја stock фотографија која ја испраќате на некоја од stock агенциите освен што треба да задоволува соодветни естетски, технички и други критериуми, таа треба да биде и copyright free. Тоа значи дека Исто така секоjа фотографиjа која содржи лице кое може да се препознае и идентификува мора да биде пропратена со Model Release (согласност за обjавување на фотографијата). Секоја фотографија која содржи лице на малолетник кое може да се препознае и идентификува мора да биде пропратена со Model Release for Minor кој пак треба да биде потпишан од родител/старател. Во поново време, и кај се поголем број на агенции, за сите фотографии каде што иако ликот на личноста од фотографијата не е видлив, на пример личноста е фотографирана од позади, сепак потребен е Model Release затоа што постои можност личноста од фотографијата да биде идентификувана на друг начин, на пример преку облеката, локацијата, итн. Од вакви причини секоја Microstock агенција има свој вид на Model Release, но за да не се доведете во случај да за секоја агенција и за секоја сесија моделот потпишува еден куп на документи, еден Generic (општ кој важи за сите агенции) Model Release е доволен. Generic Model Release во MS Word формат можете да превземете од тука, а Generic Model Release за малолетни лица тука. Пребарувањето на фотографиите се врши на основа на keywords или клучни зборови кои ја опишуваат фотографијата. Така на пример доколку купувачот сака да купи фотографија од Ајфеловата кула во Париз, тогаш во search engine-от ќе треба да вметне “Eiffel, Tower, Paris, France” со цел сите фотографии кои jа преставуват Аjфеловата кула во Париз да се прикажат. Поради ова, правилно и точно внесените клучни зборови се многу важен фактор кој е честопати занемаруван од страна на фотографите при пребарувањето од страна на купувачите. Правилно и точно опишани фотографии имаат многу поголема шанса да бидат видени од потенцијалните купувачи, отколку совршената фотографија која е лошо опишана и која содржи несоодветни клучни зборови. Истотака, зачленувањето на било која microstock агенција е бесплатно. 1. 100 % технички изведени фотографии Update 2010: Ретко кој би се осмелил денеска да се обиде и да испрати фотографии направени со нешто друго освен DSLR затоа што како минуваше времето така техничките критериуми за прифаќање на фотографиите се повеќе растеа. 4. Нови и fresh идеи Како и насекаде, креативноста и оригиналноста се навистина ценети во светот на microstock stock фотографијата. 5. Доста работа (upload, вметнување на клучни зборови, категоризирање, чување на архива кои фотографии каде се примени, итн)
Shutterstock е првата microstock агенција која воведе модел на претплата и постигна голем успех. Имено, агенцијата за месечна претплата од 159 $ нуди секоjдневно превземање на најмногу до 25 фотографии дневно во текот на наредниот месец со што стана навистина атрактивна кај големите корисници на stock фотографија каде што цената на купената фотографија достигнува неверојатно ниско ниво од околу 0.25 $ по фотографија. Кога ќе се земе во предвид фактот дека фотографите добиваат по 0.25 $ од секое превземање некој сигурно ќе се запраша каде е тука профитабилноста на агенцијата. Но агенцијата опстојува и профитира со тоа што не сите корисници ги симнуваат 25-те дозволени фотографии дневно (колкумина од вас пробуваат од сето она што е сервирано на шведска маса) и сигурно не секој ден. Продажбата за време на викендите е значително намалена, а тука е секако и лимитот на исплата кој изнесува 75 $ и не секој од фотографите го достигнува овој лимит месечно, така што Shutterstock добива на располагање прилична сума на финансиски средства. Зачленување на Shutterstock По креирањето на account на Shutterstock ќе треба да уплоадирате документ за лична идентификација (Пасош е вистинската опција затоа што личната карта ни е на кирилица) и 10 најдобри фотографии од вашето портфолио - најдобрите и во техничка смисла (фокус, шум композиција, итн) и во смисла на употребливост (тука сум на располагање
да ги ѕирнам фотографиите пред да ги испратите и да ви дадам совет. Истотака немојте да заборавате дека ова е комерцијална фотографија - тука не продаваат фотографии Adams, Bresson, итн. Вашите арт фотографии чувајте си ги за себе). Од 10-те испратени фотографии, условот е најмалку 7 од нив да бидат прифатливи за агенцијата. Лимитот за исплата е 75 $. Исплата се врши еднаш месечно на секој 1-ви од месецот во зависност од тоа дали на вашиот account го имате достигнато лимитот од 75 $. Плаќањето се извршува преку Paypal (за среќниците кои живеат во земја надвор од МКД), Мoneybookers или поштенски чек. Уште само ќе спомнам дека на Shutterstock е дозволено и испраќање на фотографии без Model release како editorial фотографии.
iStockphoto е пионерот во многу нешта во microstock фотографијата. Најпрвин, тоа е агенцијата која го започна целиот тренд на microstock агенции и тоа на почетокот како бесплатна stock агенција во која дизајнерите и фотографите од целиот свет бесплатно ги разменуваа своите фотографииi, дизајни, идеи, итн. Врз тој темел на меѓусебна соработка беше изградена најголемата microstock агенција која во 2006 стана дел и од Getty images за “само” 50 милиони долари !!! iStockphoto е агенција која се разликува од останатите microstock агенции по тоа што отсекогаш ја ценела и подржувала уметничката фотографија (слободно просурфајте на страниците на iStockphoto и ќе се изненадите од естетската вредност на некои од нивните фотографии) иако за волја на вистината овој тип на фотографија не е баш омилен кај дизајнерите и купувачите. Исто така iStockphoto е првата агенција која овозможи екслузивитет на фотографиите. Секој од фотографите кои членуваат на iStockphoto по 500 продадени фотографии имаат опција да станат екслузивци на iStockphoto и со тоа да станат попривилегирани од останатите (бесплатни визит карти со ваше име, малку поголема исплата по фотографија, поголем број на дозволен уплоад од не-екслузивците, подобри резултати при пребарувањето од страна на купувачите, итн). Истотака сите екслузивни фотографи на iStockphoto кои имаат над неколку илјади превземени фотографии имаат шанса своите слики да ги продаваат и на Getty images. iStockphoto истотака нуди опција за објавување блог, вметнување линкови, креирање своја сопствена група на пријатели и многу други работи за кои и не сте помислувале дека постојат (пр. Istockalypse во Љубљана). Продажбата на фотографии на iStockphoto е врз основа на единечна фотографија за разлика од Shutterstock иако од почетокот на 2009 и iStockphoto воведе систем на претплата. Цената на фотографиите (ако не се купени како претплата) се пресметуваат во зависност од резолуцијата во која била купена фотографијата. Фотографија од не екслузивни фотографи на iStockphoto од 8 MP во моментов се категоризира и се плаќа отприлика вака : каде што за 18 долари се купуваат 12 кредити и фотографот добива 20 % од сумата. Само како напомена, секоја година на 7 Јануари iStockphoto ги ревидира цените и тие најчесто се зголемуваат, така да и оваа година на 7 Јануари цените со сигурност ке бидат променети. И на краjот освен љубовта кон фотографијата и прекрасното чувство да видите некоја своја фотографија објавена некаде во некое списание, весник, веб страна, се поставува прашањето колку може да се заработи од сето ова?
Позади водечките 4 microstock агенции со големо заостанување следуваат следниве microstock агенции. Условите се слични на Shutterstock и iStockphoto. Bigstockphoto– Во 2009 беше купен од страна на Shutterstock.
StockXpert– Во 2009 беше купен од страна на Getty images групацијата. Истата групација која е сопственик на iStockphoto.
Alamy images- Водечка Британска традиционална агенција каде што може да испраќате Royalty Free и Rights Managed фотографии и каде што цените се многу поголеми од претходно наведените microstock агенции.
LjSPhotography stock photography resources - Место каде што можете да најдете најразлични материјали и бесплатен софтвер кој ќе ви помогне околу испраќањето на фотографиите на microstock агенциите.Се обидувам почесто да ги обновувам информациите тука и да додам нови, така да одвреме навреме проверувајте ја странава за нови и интересни работи поврзани со stock фотографијата. Microstock group Forum - Форум посветен исклучиво за фотографи кои испраќаат фотографии на microstock агенциите. Strobist - сакате да научите се за off-camera lightning - извонреден сајт кој го препорачувам на секого. Стробист групата на Flickr и дискусиониот форум - сакате да видите како навистина е направена секоја фотографија, со кои светла, дијаграми, итн. Photoshop TV - неделни подkасти со Scott Kelby, Dave Cross и Matt Kloskowski. DYI photography - името кажува се Crowdsourcing - целиот концепт на microstock агенциите Crowdsourcing - интервју со Bruce Livingstone, можеби најбогатиот панкер на светот, основач на iStockphoto iSYNDiCA – Агенција која за одреден надомест, откако ќе ги уплоадирате фотографиите на нивиниот сервер, ке ги трансферира вашите фотографии кон сите агенции со кои соработувате, ќе ги категоризира, и ќе ги испрати на оценување. Корисно за оние со интернет bandwith лимит затоа што не мора истата фотографија или видео да го уплоадираат неколку пати. Lookstat– Агенција која за одреден надомест ќе ги обработи вашите фотографии, ќе вметне клучни зборови, и ќе ги испрати до сите агенции со кои соработувате. И сепак нека овој наплив на информации и новости нека не делува обесхрабрувачки и демотивирачки на вас и нека не ви изгледа премногу комплицирано. Не беше тоа целта. Целта беше што поблиску да го пренесам моето искуство во stock фотографијата за да оној кој денес ке се одлучи да се испроба на ова поле полесно се снајде. Мој совет на сите оние кои се заинтересирани и имаат доволно време и желба и ги "исполнуваат" условите наведени погоре да се обидат и да видат самите за себе. Најпрвин нека се обидат со некои од гореспоменатите microstock агенции затоа што Shutterstock и iStockphoto се агенциите со најголем traffic и најголем профит во microstock индустријата, а потоа кога ќе навлезат малку подлабоко во сето ова нека продолжат и со следните. Јас сум спремен да им помогнам на сите во врска со деталностите околу секоја агенција. Можете да ме контакирате за се она што ве интересира на info@ljsphotographyonline.com
|

Традиционалната stock фотографија е фотографија за комерцијална употреба каде што фотографиите кои се продаваат преку големите stock агенции како
никакви имиња на фирми, натписи, логоа не треба да бидат видливи со цел да вашата фотографија биде примена на некоја од microstock агенциите. Затоа clone и patch tool алатките од Photoshop треба добро да ги познавате.
Update 2010: Со можноста на современите DSLR фотоапарати за запис на видео, се повеќе и повеќе се популаризира и продажбата на stock footage или stock видео клипови. Stock footage може да испраќате на 






