|
White Balance – WB е процес при кој се отстрануваат нереалните бои врз објектите во фотографијата. Името White Balance доаѓа од тоа дека тој ја оценува белата боја, т.е. објектите кои се бели во живо треба да се прикажат и како бели на вашата дигитална фотографија. Правилниот WB се постигнува со нагодување на „температурата“ на светлинскиот извор, што всушност се однесува на потопла или поладна нијанса на белата светлина. За разлика од нашите очи, камерата не е толку „стручна“ да оцени што е бела боја при различни светлински услови. Во повеќето фотоапарати постои опција Automatic White Balance – AWB што исто така не е сигурен метод дека боите што ќе ги добиете на една фотографија се всушност оние реалните. Неправилен WB може да ви создаде фотографија во која преовладува жолтеникава, сина, зелена или други нереални бои кои особено влијаат кога фотографирате луѓе. Разбирањето на White Balance ќе ви помогне да ги избегнете оние нереални бои создадени од вашиот фотоапарат.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Напишано од Владимир Цветкоски
|
|
Имате стари блицови кои не можете да ги искористите на вашиот нов DSLR, ви треба светлина од агол различен од кој фотографирате? Сакате креативно да го искористе светлото? Тогаш решение е едно мало уредче наречено-Optical Trigger . Неговата цена се движи од 8$ do 12$, зависно од моделот -на Ebay(но ќе чекате еден месец да стигне), кај нас може да се најде по цена од 700ден, а сами може да го изработите за 100ден.
|
|
Повеќе...
|
|
Со развојот на дигиталната технологија, фотографијата стана насекаде достапна и како техника и како уметност. Меѓутоа, збирот од 1 и 0 по хард-дисковите не претставуваат фотографија се додека не се пренесат на хартија. Во редовите што следуваат ќе имате можност да прочитате како наједноставно да ги принтате вашите фотографии.
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од Bobi Kuzmanoski
|
|
Крив хоризонт - болка на секој фотограф. Особено кога станува збор за водени површини. Кога ја гледаме фотографијата добиваме впечаток како таа да сака да истече од кадарот. Колку и да се обидуваме при фотографирањето да го поравниме апаратот со хоризонтот, најчесто не успеваме да добиеме идеално прав хоризонт. А не секој апарат има грид во визирот со кој би порамнувале или пак не носиме секогаш трипод со себе, па да си дозволиме да потрошиме некоја минута повеќе и да порамниме со либелата која се наоѓа на него.
|
|
Повеќе...
|
|
Напишано од М-р Димитар Чунговски
|
|
Ако основната идеа на овој мини проект беше следна: да се направи на најбрз и најевтин можен начин држач за блиц и чадор кој ке може да се монтира на статив за апарат. На располагање за овој стробист комплет имав кинески блиц Tumax 116, фотоќелија и бел чадор за дифузирање (купен од на пазар), како и статив за апаратот.
|
|
Повеќе...
|
|
Откога ќе внесете фотографии во Lightroom потребно е да се подредат и категоризираат во некакви содржински листи. Листите-албумите би ги користеле за едноставно да си го прегледате портфолиото, да го
оцените вашиот прогрес, да пребарате по клучни зборови и формирате колекции на сродни фотографии. Внесот на фотографии оди со пребарување преку вашиот компјутер или пак директно од вашиот фотоапарат (File>Import photos from Disk [/Device]).
|
|
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>
|
|
Страница 2 од 5 |