Банер
Туторијали
Додавање grain (зрно) во Photoshop

Покрај додавањето на текстури во Photoshop кое го објаснивме предходно, друг начин за да се доближите до ретро изгледот на фотографијата е додавање на зрно(grain). Зрното е составен дел од аналогната фотографија особено доколку фотографирате со поголема АСА вредност. За да го постигнете тој ефект дигитално треба да користите некој од софтверите за едитирање. Во овој курс ви прикажуваме како да додадете зрно во Photoshop.

Повеќе...
 
Професионална маса за фотографирање

Еден наш пријател, Димитар Горгев, работи "micro stok" фотографија веќе подолго време. Често фотографира мали предмети и храна, па почувствувал потреба да има постојано наместена сцена, за да не губи време при нејзина подготовка и веднаш да почне да фотографира штом дојде во неговото студио. Се одлучил да купи специјална маса за таков тип фотографија и лесно да си го реши проблемот. Но како што ни посочува тој, цената на посакуваната маса е навистина голема, а тоа го натерало да размислува како да ја направи сам.  Деновиве го добивме неговиот рецепт за успешен проект:

Повеќе...
 
Додавање на текстури во Photoshop

Во денешно време кога повеќето фотографираат дигитално има фотографи на кои им недостасува „стариот“ изглед на фотографијата. Кога се фотографира дигитално еден од начините да го постигнете  стариот филмски изглед е да додадете текстура во Photoshop.

Повеќе...
 
Совети за работа со модели -Y. Arcurs

"Stock" фотографот Yuri Arcurs, своето искуство го споделува преку видео блог. Следете го, може да ви помогне да совладате одредени техники, да се запознаете со професионалната опрема и постпродукција. Не се однесува само на почетници туку и за понапредни фотографи. Тука ви презентираме две епизоди со инструкции за работа со модели.

Повеќе...
 
Потсекување (crop) на фотографија во Lightroom

Видовме како да потсечеме фотографија во Photoshop. Постои и друг интересен софтвер наменет за обработка на фотографии, тоа е Lightroom. Поради неговата брзина и недеструктивна обработка буди се поголем интерес меѓу фотографите. Во овој текст ќе ве запознаеме со овој програм и со најосновната опција "Crop", а во иднина ќе следи серија совети (курс) за основно и напредно користење на Lightroom.

Повеќе...
 
Resize и crop на фотографии во Photoshop

Многу често имате потреба ја менувате големината на фотографиите (resize) или да отстраните некој дел од фотографијата со „сечење“ (crop) на истата. Resize на една фотографија е неизбежен дел од пост продукцијата кој сите ние го употребуваме особено кога сакаме да прикажеме некоја фотографија на интернет. Тогаш најчесто не ја прикажуваме во цела големина туку ја намалуваме а најчест изговор за намалувањето е дека фотографијата може да ни биде украдена и злоупотребена што е и не е така редок пример кога станува збор за добра фотографија. Функцијата crop служи за „сечење“ на фотографија, т.е. отстранување на непотребен дел од фотографијата.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

Страница 3 од 5