Туторијали
Подесување на White Balance во Photoshop

Надоврзувајќи се на статијата за White Balance во фотографијата, во оваа статија фотограф.мк ќе ви прикаже како да го менувате истиот при пост продукцијата. Во кратки црти, WB претставува начин на кој балансот на бојата е подесена така што белите објекти при различни светлински извори изгледаат повторно бело.

Повеќе...
 
Длабочина на поле (DOF)

„Длабочина на поле“ или поле на длабинска острина е поим кој често се среќава во разговорите меѓу поискусните фотографи. Како се постигнуваат ефектите кои со голо око не може да ги доживееме? Несомнено плитката длабочина на поле е карактеристика на поскапите апарати, зошто е тоа така? Физиката која стои зад овие прашања е објаснета и надополнета со визуелен јазик во видеото што следува. Интересен приказ за секој почетник. Освен за фотографија овие општи правила важат и за филм.

Повеќе...
 
Бесплатни текстури на стари фотографии

По објавувањето на статијата за Eugene Atget многумина се заинтересираа за избледениот и остарен изглед на неговите фотографии и прашаа дали може да се добие нешто слично со дигиталнава фотографија, можеби некаков додаток,ефект во програмот за постпродукција.

За готово решение не сме запознаени, но може да ве советуваме да ги следите веќе објавените чекори за користење текстури во PhotoShop ТУКА. Она што ќе ви понудиме сега е збирка текстури на стари фотографии кои  по creative commons правилата, слободни се за некомерцијално користење. Па повелете и експериментирајте:

Повеќе...
 
Како сами да направите "beauty dish"
Напишано од М-р Димитар Чунговски   

Beauty dish е една од soft light направите за фотографско осветлување. Работи врз принцип на параболичен рефлектор кој ја растура светлината од блицот или моноблокот кон фотографираниот објект и дава многу интересен контрастен и драматичен ефект. Светлината која се добива со beauty dish-от е помеѓу директно светло и софтбокс. Следува уште еден успешен викенд проект...

Повеќе...
 
JPG слика во Adobe RAW

Со постојано користење на Adobe Camera RAW за обработка на фотографиите во „суров“  формат, навикнавме на брзите и едноставни промени на опциите преку интуитивното мени со лизгачки функции. Овој подпрограм се активира во рамките на поновите верзии на Photo Shop. На прв поглед забележуваме дека едноставно се нагодува посакуваната експозиција, контраст, сатурација, острина, баланс на бела боја...

Повеќе...
 
White Balance во дигиталната фотографија

White Balance – WB е процес при кој се отстрануваат нереалните бои врз објектите во фотографијата. Името White Balance доаѓа од тоа дека тој ја оценува белата боја, т.е. објектите кои се бели во живо треба да се прикажат и како бели на вашата дигитална фотографија. Правилниот WB се постигнува со нагодување на „температурата“ на светлинскиот извор, што всушност се однесува на потопла или поладна нијанса на белата светлина. За разлика од нашите очи, камерата не е толку „стручна“ да оцени што е бела боја при различни светлински услови. Во повеќето фотоапарати постои опција Automatic White Balance – AWB што исто така не е сигурен метод дека боите што ќе ги добиете на една фотографија се всушност оние реалните. Неправилен WB може да ви создаде фотографија во која преовладува жолтеникава, сина, зелена или други нереални бои кои особено влијаат кога фотографирате луѓе. Разбирањето на White Balance ќе ви помогне да ги избегнете оние нереални бои создадени од вашиот фотоапарат.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

Страница 1 од 5