Банер
За фотограф.мк

Добредојдовте на првиот македонски фото магазин. Fotograf.mk е проект воден од фотографски ентузијасти и волонтери од сите делови од Македонија, целејќи кон висок квалитет, како и квантитет, за магазинот волонтираат повеќе фотографи кои се ентузијасти за темата за која пишуваат. Заради достапноста, Fotograf.mk е интернет базиран и бесплатен магазин. Покрај тоа, Fotograf.mk ви нуди e-mail неделник кој ќе ви ги одвои најпопуларините како и најинтересните статии за изминатата недела.

Fotograf.mk има за цел да ја презентира и шири фотографијата на македонското поднебје. Почнувајќи од упатствата за почетниците, преку техниките на фотографирање, до тестови за апарати и интервјуа со познати и креативни фотографи. Fotograf.mk ви нуди упатства како да „заштедите“ и да направите дел од фотографската опрема во домашни услови. Покрај сево ова, тука ќе најдете и статии за креативни и инспиративни фотографии кои ќе ве мотивираат.

Fotograf.mk е магазин наменет за сите љубители на фотографијата. За оние кои веќе се занимаваат со фотографија, за оние кои планираат да започнат со ова во иднина, како и за оние кои уживаат да погледнат добра, креативна и инспиративна фотографија.

Доколку имате некакви прашања, забелешки или можеби сакате да дадете подршка на Fotograf.mk, сторете го тоа тука

 

фотограф.мк неделник

Име:
Email: